ОДБЕГИАЛА МИ ДУЉБЕРА

Одбегнала ми Дуљбера
од царевите сараи.
Допаднала је Дуљбера
дури во града Битола,
во еврејската маала,
— еврејски дворје метеше,
горешчи солзи ронеше.
Клал ми је царот тељали,
тељал по тељал да личат:
„Кој ќе ја најдит Дуљбера,
најголем бакшиш ќе земит!"
Излегол ми е млад Стојан
сам царотому говорит:
„Јас да ја најдам Дуљбера,
шчо пешќеш имат за мене?"
„Хај ѓиди, џанам, млад Стојан,
најди ми ја ти Дуљбера,
шчо бакшиш сакаш, земи си!"
Допаднал ми е млад Стојан
дури во града Битола,
во еврејската маала.
Кога ја виде Дуљбера,
еврејски дворје метеше,
со солѕи ми ги вадеше.
Тога и рече млад Стојан:
„Дуљберо џанам, Дуљберо,
срцево ми изгорело.
Подај ми вода студена
да си оладам срцево!"
Ми се измами Дуљбера,
му даде вода студена,
та си ја фати за рака,
та си ја фрли зад коња,
си ја однесе при цара.
Кога ја виде Дуљбера,
тога му рече Стојану:
„Стојане, млади Стојане,
шчо бакшиш сакаш од мене
заш' ми ја најде Дуљбера?"
„Ајде ти цару, султану,
нишчо ти бакшиш не сакам;
Јас тебе бакшиш ти сакам
рисјански забит да бидам!"
„Ај ѓиди Стојан, млад Стојан,
славен да бидиш од мене,
рисјански забит да бидиш!"
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Related

No result...