• Home
  • About Bitola
    • History
    • City of Consuls
    • Climate
    • Useful Information
    • Famous Persons
    • Filmland
    • Bitola in the songs
    • Stories from Bitola
    • Current events
      • Креирај настан
  • Things to Do, See
    • Top Destinations
    • Virtual Tour
    • Events
    • Galleries
    • Nature
    • Food
    • Sports
    • Shopping
      • Clothing
      • Footwear
      • Shopping centers
      • Souvenir shops
    • Health and Wellness
      • Pharmacies
      • Eye Clinics
      • Private Clinics
      • Beauty Saloons
      • Dental Clinics
      • Fitness
    • Business
      • Legal Services
      • Real Estate Agencies
      • Translation Services
      • Banks
      • Meetings and Conferences
    • Education
      • Primary
      • Secondary
      • Higher Education
    • Night Life
    • Casinos
      • Slot machines
      • Casinos
      • Bookmakers and Betting
    • Photo Gallery
  • Plan Your Trip
    • How to Get Here
      • Visa Regime
      • Where is Bitola?
      • How to get to Bitola?
    • Getting Around
    • Accommodation
      • In the City
      • On Baba (Pelister) Mountain
    • Transportation
      • Taxi
      • Buses
      • Rent a Car
    • Tourist Agencies
    • Macedonian Phrases
    • Map of Bitola
    • In Emergency
    • Foreign Consulates
  • Contact

НАД 3000 ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ НА БРЕГОВИЌ ВО ХЕРАКЛЕЈА

Share

bit fest 09 07

Во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, во исклучителна атмосфера исполнета со над 3000 гости Горан Бреговиќ, со својот оркестар за венчавки и погреби направи незаборавна ноќ. Топло добредојде на Бреговиќ му посака Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески со кој заеднички го најавија големиот концерт. Разиграна весела публика, многу музика од новиот албум на Бреговиќ и стари хитови како „Ружица си била“, „Месечина“, „Калашњиков“ и многу други. Покрај публиката, своето задоволство од публиката не го криеше ниту Бреговиќ и неговиот оркестар, кои покажаа импресионираност од битолската публика. Во Битола, Бреговиќ пристигна после одржаниот концерт во Лондон.

 

Интервју со Горан Бреговиќ и Владимир Талески пред почетокот на концертот:

 

Горан Бреговиќ:

- Дали сте прв пат во Битола? - новинарско прашање

- Мислам да. - Горан Бреговиќ

- Дали претходно сте настапувале во еден ваков локалитет како што е Хераклеја?- новинарско прашање

Сум свирел во Грција во многу антички локалитети, тоа се секогаш необични концерти.

- Што ќе има на сцената,виски или? - новинарско прашање

Низ смеа Бреговиќ одговара: Незнам можеби ништо? Организаторите не дозволуваат алкохол, но ќе видиме, зависи.

Кога публиката повеќе ве разбира кога свирите дома или надвор, ја разбираат ли надвор балканската музика?

- Кај музиката нема што да се разбере, тоа не е нешто што му се допаѓа на мозокот, ако ви се допаѓа ви се допаѓа со темперамент, со срце...Човекот свирел музика пред да научи да зборува. Ако го зборуваш добро тој јазик што се вика музика, тогаш ја разбираш музиката. Сум свирел во Исланд, Австралија, Мексико, на Сибир...

Наоми Кембл беше во еден период во Битола никој не ја забележа, забележавте Вие убава девојка во Битола?

- Уште кога излегов на рецепција видов две убави девојки...

Ви се допаѓаат битолчанки?-новинарско прашање

- Јас мислам дека тоа е консензус, ако тоа е така се согласувам со Вас.

 

Владимир Талески

 

- Што значи овој концерт за Битола? - новинарско прашање

 

Знаете дека ова е најдолгото културно лето во Република Македонија, има 170 настани, концертот на Горан Бреговиќ и неговиот оркестар е еден од тие 170. Вечерва, 8 ми јули како што гледате, Хераклеја е претесна. Мислам дека е голем настан затоа што доаѓа едно име што значи многу во балканската и светската музика, едно име кое што секогаш правело мостови, ги соединувало луѓето. Како што гледате и вечерва е така, имаме љубители од сите генерации, и машки и женски и од поновите генерации, од постарите генерации мислам носталгично се сеќаваат на убавата музика на Бјело дугме, па го препознаваат Горан како лидер на тој бенд, а поновите генерации како човек кој ги мултиплицира сите сегменти од балканската музика, а од тоа прави еден нов квалитет, кој што квалитет го пренесува на сите светски меридијани.

Нашиот град има исклучително големи културни вредности, има исклучителни настани, едноставно сакаме овој концепт кој го спроведуваме, а тоа е да задоволиме вкусови на повеќе генерации, на различни возрасти. Јас сум директно во делот што значи програма и реализација и како што гледате Горан Бреговиќ е со нас и како за многу кои кажуваа мислена именка или научна фантастика, како што кажуваа нема Горан да дојде, нема да биде ИЗ Жабени, нема да се направи влезот во Битола, едноставно го правиме тоа се навикнавме на квалитет, го држиме нивото. Она што е Горан со нас зборува, а и посетеноста. Најважното: ОВА ГО ПРАВИМЕ ЗА ПУБЛИКАТА, како што видовте имаме многу наши туристи многу печалбари кои што се враќаат во Битола, има од повеќе градови, има од соседна Грција посетители.  Горан Бреговиќ е едноставно музичко име, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Покровител на БИТ ФЕСТ, м-р Владимир Талески.

 

 

 

 

10 јули ВТОРНИК НА БИТ ФЕСТ

 

Симфониски оркестаер „West coast Symphony“-Канада  

Дом на АРМ –двор 21.00 ч.

 

Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“  од Канада

 

За оркестарот:

Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада е основан во почетокот на 1970-тите години  како гудачки оркестар. 

Со текот на годините, оркестарот го зголеми својот инструментариум најпрвин додавајќи  дувачки инструменти и подоцна удиралки, за да се комплетира како симфониски во средината на 80-тите години.

Оркестарот сега претставува 7 програми секоја сезона, во  Долнаконтинентална  Канада,  но исто така и во оддалечените области како што се  Боуен Ајленд, Вистлер и Ванкувер Островот.

„West Coast Symphony“ е управуван од страна на избран Одборот на директори составен од членови на оркестарот.  Финансиски,  оркестарот зависи  од донации од поединци и бизниси, како и членарини. 

Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада во периодот на 1-15 јули, 2012 година, ја реализира својата долго подготвувана турнеја во југоисточна Европа, поточно  8 концерти во Албанија и Македонија. Во Македонија „West Coast Symphony“ ќе реализира 4 концерти во градовите Штип, Кочани, Битола и Скопје. 

Концертот во Штип  е на 8-ми јули во рамките на Штипско лето. Концертот во Кочани е на 9- ти јули во рамките на Кочани – град на културата на РМ за 2012 година. Концертот во во Битола ќе се одржи на 10 - ти јули во рамките на фестивалот БИТФЕСТ 2012. Завршниот концерт на „West Coast Symphony“  ќе се одржи во Скопје на 11- ти Јули во Сули - Ан во рамките на фестивалот  Скопско Лето.

 

Диригент БУЈАР ЛИПАЈ

Роден во Албанија, многукратно наградуваниот диригент Бујар Липај е многу често застапен диригент на Балканската класична сцена. Дипломирал на катедрата за диригирање при Академијата за уметност во Тирана и се усовршувал на Музичката академија „Rueil Malmaison“ во Франција.  Од 2008 година ја обавува функцијата на главен диригент на оркестарот „ West Coast Symphony “ во Ванкувер, Канада. Маестро Липај има диригирано концерти низ цела Европа, вклучувајќи  ги и концертите со оркестрите на Македонската филхармонија и Македонската Опера и Балет. Бил уметнички директор на Албанската Национална Опера во Тирана, како и е основач на Новиот Филхармониски оркестар во Албанија. Пред  да се пресели во Канада, Бујар Липај работел како професор и шеф на катедрата за диригирање при Академијата за Уметност во Тирана.

 

 

Солисти со оркестарот на WCS на Штипско лето 2012:

Мјузик прогресив квартет е камерен музички ансамбл, формиран во 2007 година и во кој членуваат: Владимир Лазаревски – Обоа, Владимир Крстев – Виолина, Марко Виденовиќ – Виола и композитор и Паскал Краповски – Виолончело. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари е да донесат нов звук на светската музичка сцена, презентирајќи го успешно македонскиот традиционален фолклор со влијание на модерниот џез, и сето тоа отсвирено оригинално на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.

Music Progressive Quartet има остварено голем број концерти во земјава и во странство. Портфолиото на квартетот вклучува настапи на фестивали како: „ Blues and Jazz Rallye “ во Луксембург, „Balkan music nights“  во Конкорд, САД, „Geza Balazs Gari jazz festival“ во Кикинда, Србија, “Денови на словенска писменост” во Москва, “Ensemble studio theatre” и „ДРОМ“ во Њујорк, “Битфест” во Битола, “Modooars” во Скопје и други.  Во март 2012, квартетот ја реализирааше својата трета турнеја во САД, која резултираше со серија концерти, одржани семинари на реномирани американски универзитети, како и заеднички концерт и воедно нова соработка со познатиот македонски композитор Дуке Бојаџиев. Досега квартетот има издадено  еден носач на звук „Стреам“.

Програма за концертот на WCS во Битола

 

1.        Глинка- Ruslan & Ludmilla  Overture, (Диригирана од Брајан Динс)

2.      Бизе- Carmen suite № 1

3.       Дуке Бојаџиев – “Opening”  за обоа, виолина, виола, виолончело и оркестар *

4.       Марко Виденовиќ -  “Stream for the soul”; и “1999 forever” за обоа, виолина, виола, виолончело и оркестар *

5.        Шоре – Symphonic suite from „The Lord of the Rings“ (Диригирана од Николас Уркуарт)

6.      Чајковски- Romeo & Juliet Overture - Fantasy

7.       Офенбах- Orpheus in the Underworld Overture

 

 

* Премиерна изведба во Р.Македонија

 

„Калеидоскоп 3“- Together Macedonia

Ликовна работилница и изложба на портрети

Фоае, Центар за култура 10 – 21ч.

 

Хоби уметност:

10 јули 2012

20.00 Свечено отворање на изложба со дела на Елена Ѓоргиевска

11 јули 2012

од 10.00 до 14.00 и 17.00 - 20.00 часот

Работилница за цртање на портрети

12 јули 2012

10.00 Изложување на дела изработени на работилницата

20.00 часот Доделување на сертификати за учество

 

„Битола чита“ – Мини саем на книгата

Плато, Центар за култура

10.07 – 10.08.2012

 

Концерт на групата Sheket band – Унгарија

Магаза 21.00

 

Бендот е формиран во јануари 2007 година. Бенд со рефлексија на специфичен музички стил: традиционална музика од различни култури во единствен спој, комбинирана со други добро познати музички стилови.

Sheket band се прилагодува на унгарските домородни фолк елементи во своето музичко опкружување, кое што го носат бугарски, романски, ирски, српски ритми и мелодии. Во мал степен се вклучени перкусии и електронски инструменти, со што музиката е направена привлечна за сите генерации.

„Секој да ужива во нашата музика – тоа е нашата цел.  Ги откриваме најголемиот дел од нашите чувства за време на настапот“.

Share

Newer news items:
  • 16/07/2012 10:17 - 17 – ти јули ВТОРНИК на БИТ ФЕСТ
  • 13/07/2012 10:57 - 14 ти јули Сабота на БИТ ФЕСТ
  • 12/07/2012 09:24 - 13 јули 2012 петок на БИТ ФЕСТ
  • 11/07/2012 08:36 - 12 јули на БИТ ФЕСТ
  • 10/07/2012 11:52 - 11 јули на БИТ ФЕСТ
<< Previous page

  • Македонски (Macedonian)Македонски (Macedonian)

Bitola virtual tour

Photo gallery Bitola

Filmland Bitola

 

Pargovski DESIGN

Copyright © 2013. All Rights Reserved.