About Bitola
ЗМЕЈОТ ОД ПЛАНИНАТА ПЕЛИСТЕРВо старо време родила една жена едно дете со крилја во Нижоополе и го дојала до четириесет дни; БОРБАТА ПРИ СЕЛО ОРЕОВОЧу ли, мајко, чу ли, пушки припукале,
пушки припукале, мајко, над града Битола,
над града Битола, мајко, горе во планина,
горе во планина, мајко, меѓу двете села, .
меѓу двете села, мајко, Буково, Ореово.
Таму ми паднале, мајко, млади Македонци,
млади Македонци, мајко, се добри јунаци.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
СМРТТА НА ТАЌИ ДАСКАЛОТамо, ле мајко, близу Битола
в Ореовската г'ста корија
Таќи Даскало славно загина
со неговата верна дружина;
Co нив загина смела другарка,
млада Елпида Карамандова.
Предадени од клети шпиуни,
ги сардисаа од сите страни;
Пушки згрмеа, бомби стрештеа,
крвава почна борба нерамна.
Тогаш извика Таќи бестрашен
на неговата верна дружина:
„Смело гинете, верни другари!
Фрлајте бомби, тиран сотрете,
живи во рака не се давајте!"
Клети тирани в борба нерамна
сета дружина му ја избија.
Таќи Даскало жив не се даде,
самиот крвта си ја пролеа,
откачи бомба, над неа легна,
младост прежали за слободата,
за слободата на Македонија.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год ИЗЛЕГУВАЊЕ ПАРТИЗАНЗдодеало ми се, мајко, железар да бидам,
железар да бидам во пуста Битола.
Сите се писаа, мајко, на војна да одат.
Дозволи ми, мила мајко, и јас да се пишам,
и јас да се пишам, мајко, за бојното поле,
и јас да се борам, мајко, тебе да ослободам.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год ЗДОДЕАЛО МИ СЕМи се здодеало, мамо, железар да бидам,
железар да бидам, мамо, во славна Битола,
во славна Битола, мамо, долу на Ат-пазар.
Мене ме викнаа, мамо, горе во началство,
ќе м' одредат, мамо, јатак да им бидам,
другари да берам, мамо, млади партизани
и да ги испраќам, мамо, во Славеј планина.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год СМРТТА НА ГЕОРГИ НАУМОВ И СТЕРЈО ГЕОРГИЕВУбаво девојче по ливади шета,
росно цвеќе бере, жална песна пее:
— Доста, доста ропство, веќе не се трпи!
Клетите фашисти станале ѕверови.
Вчера во Битола двајца обесија:
Тој Георги Наумов, Стерјо Георгиев.
Двајцата јунаци за народ загинаа,
за народ загинаа, за Македонија."
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год БОГ ДА ГИ БИЕ АРАПИТЕБог да ги бие, бог да ги бие,
бог да ги бие Арапите,
Арапите од Арабистан!
Што ми дојдоа,
што ми дојдоа,
што ми дојдоа во Битола;
што ми кондисаа на Довлеџик.
Ми распнаа, ми распнаа,
ми распнаа шаторите,
ми кладоа казаните.
Ми слегоа, ми слегоа,
ми слегоа во чаршија;
чаршијата е затворена.
Ми излегол, ми излегол,
ми излегол Џемаил ага,
што му извика, што му извика,
што му извика на битолчани:
— Ај ви вие, ај ви вие,
ај ви вие, битолчани,
отворете ја чаршијата!
Што му рекоа, што му рекоа,
што му рекоа битолчани:
— Ајде од тука, Џемаил ага!
Ајде од тука, ајде од тука,
ајде од тука, Џемаил ага,
ајде оди си во Арабистан!
Ајде оди си, ајде оди си,
ајде оди си во Арабистан!
Чаршијата не се отвора!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год ВО КРУШОВО ОГАН ГОРИВо Крушово оган гори,
во Крушово, Горна Маала;
Мечкин Камен крв се лее,
там' се бијат три војводи.
Там' се бијат три војводи
с турска војска триилјадна.
Први беше Питу Гули,
втори беше Караѓули;
Втори беше Караѓули,
трети беше Алебако.
Петроните им свршија,
манлихери искршија,
уште еден им остана,
за сами да се убијат.
За сами да се убијат,
на тиран да не се дават;
Да ги носат да ги мачат,
низ Битола да ги шетат.
Низ Битола да ги шетат,
на Ат-пазар да ги бесат.
Да се берат анамите,
да се смејат чергарите.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год ЈА ИЗЛЕЗИ КАЛЕШ СТОЈНЕАјде, ја излези, калеш бре Стојне,
на горно портиче, на бели друмови,
да ги пречекаш, Стојне, ергените,
ергените, бре Стојне, битолчани!
Ајде, наредени седумдесет и седум,
одбрани јунаци — сите Македонци,
ајде наредени, Стојне,
накитени со нагант леворвери, манлихери.
Ајде, со нив терат седумдесет и седум
товарни карвани со свила и памбук
— право ми тргат, Стојне, за Крушово,
за Крушово, бре Стојне, Мечкин Камен.
Ајде, там' се бијат славни јунаци,
славни јунаци — одбор Македонци,
ој, чело води, Стојне, војводата,
војводата, бре Стојне, Питу Гули.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год НИКОЛА КАРЕВМногу ми е мерак, мајко,
многу ми е мерак,
многу ми е мерак железар да бидам.
Железар да бидам, мајко,
железар да бидам,
железар да бидам во града Битола.
Во града Битола, мајко,
во града Битола,
во града Битола — Битолското џаде.
Битолското џаде, мајко,
Битолското џаде,
Битолското џаде од десната страна.
Од десната страна, мајко,
од десната страна, од десната страна
— накај Мариово. Од таму да гледам,
мајко, од таму да гледам,
од таму да гледам моми мариовки;
Моми мариовки, мамо, моми мариовки,
моми мариовки, момци мариовци;
Момци мариовци, мајко, момци мариовци,
момци мариовци — момци Македонци.
Меѓу ними, мајко, славен јунак стои,
славен јунак, мајко, Кољо Крушовецот,
Кољо Крушовецот, мајко, тој НИКОЛА КАРЕВ.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год |
