Пешачки и планинарски патеки во Национален парк Пелистер

Hiking on National Park Pelister

Хотелот  Молика претставува уникатна и  живописна природна околина на Пелистер кој ги овозможува нај атрактивните и авантуристичките  доживувања за пешачење и планинарење.

Повеќе...

Пелистер Инфо Центар

Пелистер Инфо Центар

Пелистер инфо центарот е место каде што можете да пронајдите повеќе информации поврзани со Вашата посета на Националниот Парк Пелистер.

Повеќе...

Патека за Првата светска војна – Национален парк Пелистер

Патека за Првата Светска Војна

По заземањето на Битола од страна на сојузниците во ноември 1916 г, војските на централните сили (Бугарија и Германија) се повлекле во околните планини.

Повеќе...

Авто и Етно музеј „Филип“ во село Крклино, Битола

Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino

Авто и Етно музејот „Филип“ е приватен музеј сместен во село Крклино, на само 5 км од Битола.

Повеќе...

Буковски манастир - Св. Преображение Христово

Bukovo Monastery

Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“ е лоциран во прекрасен шумовит предел во близина на селата Буково и Крстоар.

Повеќе...

Манастир Св. Христофор село Крстоар во близина на Битола

Monastery St. Christopher in Krstoar

Манастирот Св. Христофор над село Крстоар во близина на Битола е еден од попознатите манастири во овој дел на Република Македонија.

Повеќе...

Хераклеа Линкестис

Хераклеа Линкестис
За да ја разбереш денешницата неминовно треба да се навратиш на тоа толку споменувано минато. Треба да зачекориш од почетокот за да стигнеш до крајот. Треба да го осознаеш првиот чекор за да ги осознаеш сите оние кои подоцна ќе ги направиш, да разбереш што било и што е сега. Сето тоа на крај ќе те одведе до спознанието дека многу лесно и минатото и иднината може да станат дел од твојата сегашност.
Штом го направиш првиот чекор низ тесните улички на Хераклеа под твоите нозе ќе се распостели историјата и минатото. Името на Хераклеа Линкестис неминовно го навраќа секој од нас со векови назад, во периодот на IV век п.н.е. кога овој град е основан од страна на Филип II. Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време, Виа Игнација (via Egnatia), Хераклеа станува и најважна нејзина станица во регионот.
Ваквиот нејзин статус неминовно влијае и врз нејзиниот брз развој што е сосема очигледен не само од историските извори туку и од материјалните остатоци на денешниот локалитет.
Секој камен секој постамент обвиен со својата мистичност го носи бремето на минатото. Ги напластува врз себе и хелинистичкото време но и римскиот период. Ги испреплетува и ја создава единствената вистина за овој град каде наизменично се среќаваат градби од едно или друго време, каде се издигаат столбови и се протегаат мозаици.
Портикот од судницата (крај на III век) во кого стојат статуите на доброчинителот и првосвештеникот на Хераклеа - Тит Флавиј Орест, статуата на богинката на правдата и судбината - Немеза е првата градба која ќе ве дочека при прошетката низ Хераклеа. Водоводната мрежа (почетокот на IV век ) која се наѕира при секој следен чекор низ улицата не води и до Термата (почетокот на IV век) со своите три простории. Тие ќе прозборат за една друга, секојдневна димензија на човековото живеење за квалитетот на живот и за грижата за сопственото здравје и хигиена.
Но жителите на овој град не се грижеле само за овој свој земски живот затоа што тие сепак биле многу повеќе духовни битија. Нивната вера кон Бога, кон Христа, особено доаѓа до израз преку востановувањето на Хераклејската епископија и градењето на христијанските храмови. Малата Базилика со своите скромни димензии е само еден од христијанските храмови кој ви ја отвара душата и полека ве води во Големата Базилика, крај Крстилницата, но и во останатите простории на оваа импозантна градба. Подните мозаици присутни во базиликите како да се надоврзуваат на оние од Епископската резиденција  и исполнети со илјадници ситни камчиња поставени во совршена хармонија ја плетат мозаичната приказна за христијанството и  претставуваат своевидна оддишка на внатрешниот, духовен живот на населението. Претставите на подземниот и небескиот свет спротивставени на крволочноста на земскиот свет како да се трудат да ја одгатнат тајната на животот. Животот и смртта, доброто и злото, како вечни опоненти, длабоко се чувствуваат и во Театарскиот комплекс. Следјќи ја конфигурацијата на теренот неговиот архитект успеал целосно да ги вкомпонира дванаесетте редови на седишта, почесната ложа, скената (scaenae) и оркестрата и да ја доведе оваа градба до степен на совршенство.
Восхитот од театарските претстави го заменува ужасот од венаторските борби, борбата на човекот со ѕверот, која се одвива токму тука, на оваа иста арена. Тоа ги растревожува душите на посетителите и им предизвикува морници.
Суровоста на борбата, крволочноста на ѕверот и реките од крв, пролеани за време на овие борби, не можеле да ги измијата и исчистат, ниту водите од градската чешма која се наоѓа во непосредна близина на Театарот. Таа со својот непрекинат жубор единствено можела да ја раскажува оваа приказна повторно и повторно, и повторно ...
Текст: Мери Стојанова
НУ Завод и Музеј Битола

За да ја разбереш денешницата неминовно треба да се навратиш на тоа толку споменувано минато. Треба да зачекориш од почетокот за да стигнеш до крајот.

Повеќе...

Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер
Пелистерскиот масив е дел од планината Баба, во југозападна Македонија. Прогласен за национален парк во 1948 година поради природните реткости кои се среќаваат во него: моликовите шуми - реликт од терциерната флора, гранитните карпи и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината.
Моликата е петтоигличестиот бор кој расте на само неколку делови од Балканскиот полуостров. На Пелистер се наоѓа и ендемската пелистерска качунка. Убавината на пределот ја збогатуваат и дивите животни:мечка, волк, дивокоза, елен, дива свиња, зајак, неколку видови орли, срна, еребици, црвеноклуната чавка и ендемичната македонска пелагониска пастрмка.
Посебна убавина на паркот му даваат планинските езера: Големото (на висина од 2218 м) и Малото езеро (2280 м). Високо на небото се издигаат стрмните врвови Пелистер(2601 м), Ветерница (2420м), Муза (2351 м), Ржана (2334 м) и Грива (2198м).
Националниот парк се карактеризира со многу природни феномени, со невообичаени структурни белези, специфична геолошка конструкција, несекојдневна планинска вегетација, поволни хидрографски услови, како и со специфични климатски услови кои придонесуваат за комплетирање на ова природно богатство.
Паркот се протега на површина од 1500 ha, на надморска висина од 700 до 2601 метри. За туристите посебно интересна е туристичко-рекреативната зона чии пространства спаѓаат во 2-та категорија на природни вредности со посебни природни карактеристики и убавини, што може да се користат за одмори и рекреација. Тука спаѓа зоната -"Голема Ливада" и зоната "Нижо Поле". Најголем украс на паркот се двете езера т.н. Пелистерски очи: Големо езеро и Мало езеро, кои Пелистер го прават уште повеличествен и туристички попривлечен.

Национален парк Пелистер се наоѓа на северниот дел на планината Баба (Пелистер) која е лоцирана во југо -западниот дел на Р. Македонија.

Повеќе...

Музеј Битола

Музеј Битола

Секој од нас иако бескрајно ја сака иднината, сака да погледне и во минатото и да го почувствува неговиот мирис да го чуе неговиот звук.

Повеќе...

Музеј Битола - Постојана поставка

Музеј Битола - Постојана поставка

Праисторијата ги презентира најстарите остатоци од животот на човекот во Пелагониската котлина, кои потекнуваат од младото камено време неолитот, кое е една од најзначајните историски етапи во развитокот на човештвото.

Повеќе...

Музеј Битола - Стара градска соба

Музеј Битола - Стара градска соба
На простор од 30 м2 во дел од јужното крило од објектот, како издвоен адаптиран простор, презентиран е дел од материјалот за уметничкото и ѕидно декорирање во ентериерите на битолските куќи од почетокот на XX век.

Повеќе...

Мустафа Кемал Ататурк - Спомен соба

Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, датираат од 1978 година.

Повеќе...

Саат кула Битола

Саат кула Битола

Секој објект си има своја приказна која се предава од генерација на генерација. Нејзината вистинитост никој не ја проверува затоа што приказните се за да се прераскажуваат.

Повеќе...

Безистен (Покриен пазар)

Безистен (Покриен пазар)

Наутро во центарот на градот, крај кејот на реката Драгор четири големи железни порти го отвораат светот на убавината. Луксузот повикува од секој дуќан.

Повеќе...

Стара чаршија Битола

Стара чаршија Битола

Ако само пред неколку децении тргнеше од Дрвен Пазар до Ат Пазар, тесните камени сокаци ќе те одведеа низ триесетина чаршии.

Повеќе...

Црква Св. Димитрија

Црква Св. Димитрија

Звукот на камбаната одекнува низ воздухот и ја растреперува душата. Се радува на новите животи и жали за оние кои веќе поминале.

Повеќе...

Исак џамија

Исак џамија

Во близина на мостот каде луѓето не се разминуваат туку застануваат да поразговараат, во близина на мостот кој понекогаш дели различни светови и судбини тука денес по којзнае кој пат се сплотува минатото и сегашноста.

Повеќе...

Уметничка галерија - Јени џамија

Уметничка галерија - Јени џамија

Изградена врз темелите, сопствени и туѓи, стои моќно и непоколебливо во центарот на градот.

Повеќе...

Католичка црква

Католичка црква

Во срцето на Широк Сокак стои тивко и смирено. Облеана во сонце без збор, но гордо, трае исправена кон небото, кон Бога.

Повеќе...

Галерија Магаза

Галерија Магаза
Како камена тврдина стои во центарот на градот чувајќи ги љубоморно сите убавини и богатства кои ги внела во себе.

Повеќе...

Спомен куќа на Гоце Делчев

Спомен куќа на Гоце Делчев
Спомен музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. „Стевче Патако“ бр.11 Битола.

Повеќе...

Спомен куќа на Стив Наумов

Спомен куќа на Стив Наумов

Родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив се наоѓа на ул. “Пецо Божиновски” бр.11 Битола.

Повеќе...

Меморијален музеј с. Смилево

Меморијален музеј с. Смилево
По повод 100 годишнината од Илинденското востание, со Одлука на Министерството за култура на Република Македонија, во 2003/4 година, изграден е Меморијален музеј во с. Смилево.

Повеќе...

Музеј посветен на евреите од Битола

Музеј посветен на евреите од Битола
Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола.

Повеќе...

Патека по камењарот - Национален парк Пелистер

Патека по камењарот - Национален парк Пелистер

Патеката по камењарот е едукативно показна стаза, која што ги води посетителите на Националниот парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини.

Повеќе...

Детска патека на Националниот парк Пелистер

Детска патека на Националниот парк Пелистер

Здраво! Јас сум Мечо, најдобриот водич низ планината Баба.
Ќе ви помогнам подобро да ги запознаете убавините и богатствата на Пелистер

Повеќе...

Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер

Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер

Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села.

Повеќе...

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk