Хераклеа Линкестис

За да ја разбереш денешницата неминовно треба да се навратиш на тоа толку споменувано минато. Треба да зачекориш од почетокот за да стигнеш до крајот. Треба да го осознаеш првиот чекор за да ги осознаеш сите оние кои подоцна ќе ги направиш, да разбереш што било и што е сега. Сето тоа на крај ќе те одведе до спознанието дека многу лесно и минатото и иднината може да станат дел од твојата сегашност.
Штом го направиш првиот чекор низ тесните улички на Хераклеа под твоите нозе ќе се распостели историјата и минатото. Името на Хераклеа Линкестис неминовно го навраќа секој од нас со векови назад, во периодот на IV век п.н.е. кога овој град е основан од страна на Филип II. Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време, Виа Игнација (via Egnatia), Хераклеа станува и најважна нејзина станица во регионот.
Ваквиот нејзин статус неминовно влијае и врз нејзиниот брз развој што е сосема очигледен не само од историските извори туку и од материјалните остатоци на денешниот локалитет.
Секој камен секој постамент обвиен со својата мистичност го носи бремето на минатото. Ги напластува врз себе и хелинистичкото време но и римскиот период. Ги испреплетува и ја создава единствената вистина за овој град каде наизменично се среќаваат градби од едно или друго време, каде се издигаат столбови и се протегаат мозаици.
Портикот од судницата (крај на III век) во кого стојат статуите на доброчинителот и првосвештеникот на Хераклеа - Тит Флавиј Орест, статуата на богинката на правдата и судбината - Немеза е првата градба која ќе ве дочека при прошетката низ Хераклеа. Водоводната мрежа (почетокот на IV век ) која се наѕира при секој следен чекор низ улицата не води и до Термата (почетокот на IV век) со своите три простории. Тие ќе прозборат за една друга, секојдневна димензија на човековото живеење за квалитетот на живот и за грижата за сопственото здравје и хигиена.
Но жителите на овој град не се грижеле само за овој свој земски живот затоа што тие сепак биле многу повеќе духовни битија. Нивната вера кон Бога, кон Христа, особено доаѓа до израз преку востановувањето на Хераклејската епископија и градењето на христијанските храмови. Малата Базилика со своите скромни димензии е само еден од христијанските храмови кој ви ја отвара душата и полека ве води во Големата Базилика, крај Крстилницата, но и во останатите простории на оваа импозантна градба. Подните мозаици присутни во базиликите како да се надоврзуваат на оние од Епископската резиденција  и исполнети со илјадници ситни камчиња поставени во совршена хармонија ја плетат мозаичната приказна за христијанството и  претставуваат своевидна оддишка на внатрешниот, духовен живот на населението. Претставите на подземниот и небескиот свет спротивставени на крволочноста на земскиот свет како да се трудат да ја одгатнат тајната на животот. Животот и смртта, доброто и злото, како вечни опоненти, длабоко се чувствуваат и во Театарскиот комплекс. Следјќи ја конфигурацијата на теренот неговиот архитект успеал целосно да ги вкомпонира дванаесетте редови на седишта, почесната ложа, скената (scaenae) и оркестрата и да ја доведе оваа градба до степен на совршенство.
Восхитот од театарските претстави го заменува ужасот од венаторските борби, борбата на човекот со ѕверот, која се одвива токму тука, на оваа иста арена. Тоа ги растревожува душите на посетителите и им предизвикува морници.
Суровоста на борбата, крволочноста на ѕверот и реките од крв, пролеани за време на овие борби, не можеле да ги измијата и исчистат, ниту водите од градската чешма која се наоѓа во непосредна близина на Театарот. Таа со својот непрекинат жубор единствено можела да ја раскажува оваа приказна повторно и повторно, и повторно ...
Текст: Мери Стојанова
НУ Завод и Музеј Битола

За да ја разбереш денешницата неминовно треба да се навратиш на тоа толку споменувано минато. Треба да зачекориш од почетокот за да стигнеш до крајот.

Треба да го осознаеш првиот чекор за да ги осознаеш сите оние кои подоцна ќе ги направиш, да разбереш што било и што е сега. Сето тоа на крај ќе те одведе до спознанието дека многу лесно и минатото и иднината може да станат дел од твојата сегашност.

heraclea

Работно време:
Секој ден
Април - Октомври: 09.00 – 18.00 ч
Октомври  - Март: 09.00 – 16.00 ч

Штом го направиш првиот чекор низ тесните улички на Хераклеа под твоите нозе ќе се распостели историјата и минатото. Името на Хераклеа Линкестис неминовно го навраќа секој од нас со векови назад, во периодот на IV век п.н.е. кога овој град е основан од страна на Филип II. Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време, Виа Игнација (via Egnatia), Хераклеа станува и најважна нејзина станица во регионот.

Ваквиот нејзин статус неминовно влијае и врз нејзиниот брз развој што е сосема очигледен не само од историските извори туку и од материјалните остатоци на денешниот локалитет.

Секој камен секој постамент обвиен со својата мистичност го носи бремето на минатото. Ги напластува врз себе и хелинистичкото време но и римскиот период. Ги испреплетува и ја создава единствената вистина за овој град каде наизменично се среќаваат градби од едно или друго време, каде се издигаат столбови и се протегаат мозаици.

Портикот од судницата (крај на III век) во кого стојат статуите на доброчинителот и првосвештеникот на Хераклеа - Тит Флавиј Орест, статуата на богинката на правдата и судбината - Немеза е првата градба која ќе ве дочека при прошетката низ Хераклеа. Водоводната мрежа (почетокот на IV век ) која се наѕира при секој следен чекор низ улицата не води и до Термата (почетокот на IV век) со своите три простории. Тие ќе прозборат за една друга, секојдневна димензија на човековото живеење за квалитетот на живот и за грижата за сопственото здравје и хигиена.

Хераклеа Линкестис Битола - Фото галерија

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by turismo.eu/fuerteventura

Но жителите на овој град не се грижеле само за овој свој земски живот затоа што тие сепак биле многу повеќе духовни битија. Нивната вера кон Бога, кон Христа, особено доаѓа до израз преку востановувањето на Хераклејската епископија и градењето на христијанските храмови. Малата Базилика со своите скромни димензии е само еден од христијанските храмови кој ви ја отвара душата и полека ве води во Големата Базилика, крај Крстилницата, но и во останатите простории на оваа импозантна градба. Подните мозаици присутни во базиликите како да се надоврзуваат на оние од Епископската резиденција  и исполнети со илјадници ситни камчиња поставени во совршена хармонија ја плетат мозаичната приказна за христијанството и  претставуваат своевидна оддишка на внатрешниот, духовен живот на населението. Претставите на подземниот и небескиот свет спротивставени на крволочноста на земскиот свет како да се трудат да ја одгатнат тајната на животот. Животот и смртта, доброто и злото, како вечни опоненти, длабоко се чувствуваат и во Театарскиот комплекс. Следјќи ја конфигурацијата на теренот неговиот архитект успеал целосно да ги вкомпонира дванаесетте редови на седишта, почесната ложа, скената (scaenae) и оркестрата и да ја доведе оваа градба до степен на совршенство.

Восхитот од театарските претстави го заменува ужасот од венаторските борби, борбата на човекот со ѕверот, која се одвива токму тука, на оваа иста арена. Тоа ги растревожува душите на посетителите и им предизвикува морници.

Суровоста на борбата, крволочноста на ѕверот и реките од крв, пролеани за време на овие борби, не можеле да ги измијата и исчистат, ниту водите од градската чешма која се наоѓа во непосредна близина на Театарот. Таа со својот непрекинат жубор единствено можела да ја раскажува оваа приказна повторно и повторно, и повторно ...

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk