Музеј Битола

Секој од нас иако бескрајно ја сака иднината, сака да погледне и во минатото и да го почувствува неговиот мирис да го чуе неговиот звук.

Секој камен од дворот на овој објект, секоја врата која се отвара пред нас ги чува звуците на минатото и на иднината. Во своите пазуви ги чува вековите и приказните за долгото постоење. Ги знае сите приказни и несебично ги подарува на секој оној кој сака да ги чуе.

музеј

Националната Установа „Завод и Музеј” - Битола денес е лоцирана во еден од најзначаните културно историски споменици во Битола, во објектот Стара касарна. Важноста и значењето на овој објект не се резултат само на неговата монументалност, туку и на историското минато, настаните и личностите кои тука престојувале.

Овој објект зграден во 1848 год. кога Битола го доживувала својот најголем развој, бил изграден како Воена гимназија - Идадие. Во 1900 год. оваа гимназија прераснала во Воена Академија - Харабие. Како таква функционирала сé до 1909 год.

Најзначајниот период од постоењето на оваа воена касарна е тесно поврзан со периодот кога во неа се школувал кадетот Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција.

Оваа зграда чија адаптација во Музеј се изведуваше од 1983 год. претставува вистинска ризница каде се чуваат и презентираат највредните културно историски богатства на регионот. Илјадниците експонати од кои само дел се изложени, ги чуваат цивилизациските вредности на различните епохи, формирајќи ја на тој начин културно - историската карта на регионот. Непрекинатиот период на постоење на различни култури, нивната симбиоза, континуиран просперитет и нивната разноликост овозможуваат присуство на една таква шареноликост што ретко каде се среќава на толку мал простор.

Музеј Битола - Постојана поставка - фото галерија

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by turismo.eu/fuerteventura

Богатството на експонати (археолошки, етнолошки, историски и др.) се еден дел преку кој можеме да станеме сведоци на сопственото минато. Постојаната археолошка поставка каде се проследуваат различните етапи од историјата на ова поднебје, Градската соба, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк како и бројните повремени изложби од различни области им даваат можност на посетителите да го почувствуваат духот на минатото и барем за момент да откраднат еден миг од историјата која ја создавале минатите генерации. Но и овој миг во следниот момент ќе биде историја, па затоа секој од нас постојано станува дел од оваа наша заедничка историја, од ова наше постоење.

Текст: Мери Стојанова
НУ Завод и Музеј Битола
Секој од нас иако бескрајно ја сака иднината, сака да погледне и во минатото и да го почувствува неговиот мирис да го чуе неговиот звук. Секој камен од дворот на овој објект, секоја врата која се отвара пред нас ги чува звуците на минатото и на иднината. Во своите пазуви ги чува вековите и приказните за долгото постоење. Ги знае сите приказни и несебично ги подарува на секој оној кој сака да ги чуе.
Националната Установа „Завод и Музеј” - Битола денес е лоцирана во еден од најзначаните културно историски споменици во Битола, во објектот Стара касарна. Важноста и значењето на овој објект не се резултат само на неговата монументалност, туку и на историското минато, настаните и личностите кои тука престојувале.
Овој објект зграден во 1848 год. кога Битола го доживувала својот најголем развој, бил изграден како Воена гимназија - Идадие. Во 1900 год. оваа гимназија прераснала во Воена Академија - Харабие. Како таква функционирала сé до 1909 год.
Најзначајниот период од постоењето на оваа воена касарна е тесно поврзан со периодот кога во неа се школувал кадетот Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција.
Оваа зграда чија адаптација во Музеј се изведуваше од 1983 год. претставува вистинска ризница каде се чуваат и презентираат највредните културно историски богатства на регионот. Илјадниците експонати од кои само дел се изложени, ги чуваат цивилизациските вредности на различните епохи, формирајќи ја на тој начин културно - историската карта на регионот. Непрекинатиот период на постоење на различни култури, нивната симбиоза, континуиран просперитет и нивната разноликост овозможуваат присуство на една таква шареноликост што ретко каде се среќава на толку мал простор.
Богатството на експонати (археолошки, етнолошки, историски и др.) се еден дел преку кој можеме да станеме сведоци на сопственото минато. Постојаната археолошка поставка каде се проследуваат различните етапи од историјата на ова поднебје, Градската соба, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк како и бројните повремени изложби од различни области им даваат можност на посетителите да го почувствуваат духот на минатото и барем за момент да откраднат еден миг од историјата која ја создавале минатите генерации. Но и овој миг во следниот момент ќе биде историја, па затоа секој од нас постојано станува дел од оваа наша заедничка историја, од ова наше постоење.
Текст: Мери Стојанова
НУ Завод и Музеј Битол

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk