Музеј Битола - Постојана поставка

Праисторијата ги презентира најстарите остатоци од животот на човекот во Пелагониската котлина, кои потекнуваат од младото камено време неолитот, кое е една од најзначајните историски етапи во развитокот на човештвото.

Неговата појава ги означува почетоците на најголемиот процес во општествено економската револуција и почетоците на создавањето на современиот свет.

Големиот број наоѓалишта населби, денес познати под името тумби, покажуваат дека Пелагонија во неолитско време била густо населена. Велушка Тумба, Тумба Породин, Тумба Оптичари, Гургур Тумба, Тумба Кармани,  во своите културни слоеви кријат материјални остатоци од животот на цивилизации, општествено организирање и културно оформување чија еволуција се одвивала во континуитет.

postavka_th

Според културните вредности, неолитот овде е познат под името Велушкопородинска група. Од истражувањата на неколку населби од неолитската култура, собрана е и овде презентирана груба, фина и сликана керамика, коскени камени и земјени орудија, предмети сврзани со духовниот живот, култот и религијата на населението преку антропоморфни и тереоморфни садовижртвеници.

postavka_muzej

ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА

Доцниот неолит засега е се уште недоволно познат. Додека преодниот период меѓу неолитот и бронзеното време енеолитот, во Пелагонија се обележува со групата Шуплевец Бакарно Гумно. Освен спомнатите две наоѓалишта се констатирани и населбите Тумба Карамани, Тумба Црнобуки, Висок Рид кај Букри и Висои кај Ново Змирнево. Бронзеното време кое претставува етапа во натамошното совладување на техниките за обработка на металот во Пелагонија е се уште малку познато. Раното бронзено време е утврдено во спомнатите локалитети, а доцната бронза е најмалку позната етапа од развитокот на бронзеното време.

Железното време I засега се базира исклучиво на предмети од материјалната култура кои потекнуваат од некрополи и поединечни гробови. Од овој период познати се некрополите Бел Камен кај Живојно, Марта кај Зовиќи Сарај кај Брод.
Железното време II е презентирано со археолошки материал претежно од гробните наоди од некрополите под могили и рамни некрополи Висои кај Петилеп, Батков Дол кај Мојно, Сламите кај Рапеш.

Музеј Битола - Постојана поставка - фото галерија

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by turismo.eu/fuerteventura

Железното време III кое се поклопува со крајот на архајското и класичното време, претставува време на нови општествени и економски промени. Со јакнењето на домашната племенска аристократија се појавуваат луксузни предмети или нивна имитација. За присуството на вакви предмети зборуваат случајните гробни наоди од Прогон кај Букри и Ластојца кај Драгош. На крајот на железното време во втората половина од IV век п.н.е. започнува историската епоха.

Материјалот од Античкото одделение во постојаната музејска поставка е презентиран во две сали, на површина од околу 150 м2. Основен принцип во излагањето на материјалот е хронолошкиот и тоа периодот од IV век п.н.е. до VI век н.е.

За разлика од материјалот од архајскиот, класичниот, а донекаде и од постарите фази на македонско хеленистичкиот период кој е послабо застапен, останатите епохи коишто следат се доста добро застапени.

Посебно од класичниот и македонско хеленистичкиот период се издвојува богатиот гробен златен накит пронајден на локалитетот “Црквиште” кај село Беранци. Вистински раритет претставува златната обетка од типот “а навичела”, од гробот на младата принцеза, што пак од своја страна покажува дека локалната аристократија ја следела модата на егејскиот културен круг. Но, факт е дека традиционалните влијанија оставиле длабоки траги. Впрочем, копчите и белегзиите од Беранци кои припаѓаат на т.н “змиски стил” се типични занаетчиски создавања на македонско пајонскиот простор.

Надгробните стели од селото Црнобуки датирани во средината на IV век п.н.е. се најрани примери на пластична обработка на каменот.

Доминантно место во една од салите на Античкото одделение со право му е дадено на брилијантната копија на фигурата на Атена Партенос од II век н.е., која по невообичаената рамнотежа меѓу спокојството и суптилното многу е блиска на Фејдината Атена Партенос на Акропол.

Наспроти неа, иако дејствува потресно, трагичната маска со ужасен изглед, пронајдена во Хераклеја е полна со непосредна естетска привлечност.

Дека за време на римското владеење израснал моќниот мистериски култ кон египетските божества потврдуваат наодите на Изида од селото Горно Српци од втора половина на II век.н.е. Единствениот, пак, наод на Харпократ (статуета од бронза) кој заедно со Изида и Серапис ја претставуваат тријадата на синкретизираните божества, потекнува од локалитетот Хераклеја.

Неповторливиот антички копнеж кон убавината на жестоката машкост е повеќе од евидентна кај бронзената статуа на Меркур од локалитет кај село Живојно. Не помалку впечатлив е и бронзениот тег од I век од Барешани што преставува попрсје на млад војник.

За тоа како изгледале македонските гробници вдлабени во карпа и што сé се наоѓало во нив се трите гробници од локалитетот Дибек кај селото Суводол.

Во дел од втората сала на античкото одделение презентиран е материјал со силен призвук на христијанството, посебно на производите од тогашните уметнички занаети. Самиот мотив, крст, симболот за дистинкција на христијаните, присутен е кај сите утилитарни предмети од бронза, сребро, злато, коска, стаклена паста. Во таа насока впечатливи се фибулитекопчи со позлата од селото Живојно и бронзените лампи од Хераклеја.

Исклучителен експонат од овој период е шлемот од бронза со спојки, датиран 497523 година, а припаѓал на висок византиски великодостојник.

Немирните времиња и нападите на варварските племиња (IV век - VI век) се посведочени во двете последни витрини од ова одделение и тоа посебно преку материјалот кој припаѓа на аварословенскиот период.

Покрај археолошките експонати, музејската поставка е збогатена и со текстови, карти, фотографии, цртежи и слично, сé со една цел да се создаде појасна престава за одреден период, или посебно локалитет.

Средновековниот период во постојаната музејска поставка е прикажан од два аспекти : археолошки и историски. Опфатен е периодот на појавата на словенскиот елемент, првите напади и доселувањето на словенските племиња во текот на V I и VII век, проблемот на континуитет на традицијата како и византиската култура и нивниот сооднос се до втората половина на XIV век, односно до освојувањето на овие простори од страна на Турците. Историските настани се прикажани преку историски карти, фотокопии на документи и извадоци од средновековните хроники. Од археолошки аспект во витрините се изложени вкупно 804 предмети од кои 62 се фрагменти од карактеристични керамички садови; 10 цели и реконструирани керамички садови за домашна употреба; 114 предмети изложени со цел да го дообјаснат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори. Тегови од рибарски мрежи, перли, дел од некој вид друштвена игра, предмети за лично украсување, обетки, наушници, ѓердан со стаклени мониста и сл. Изложени се 689 монети од кои 20-на се анонимни од X и XI век; 99 монети се од средината на XI век до крајот на XIV век (византиски, латински и бугарски, имитација од српски и венецијански). Од поставката од с. Рамна која брои 9182 парчиња византиски чанкасти монети, бакарни монети 253 од Исак II Ангел (11851195) и Алексеј III Ангел (11951203), вкупно 488 парчиња распоредени во 2 групи и 82 парчиња од останатите владетели и Јован II Комнен (11181143)

Периодот од крајот на VI и почетокот на VII век е прикажан преку таканаречената преселба на јужните словени на територијата на Балканскиот Полуостров, кога во рамничарскиот дел на Пелагонија се доселува племето Драговити, а во планинските делови племето Березити. Овој период е презентиран со рано средновековни метални делови од коњска опрема, алатки за секојдневна употреба, клучеви. Периодот од IX до XIV век, на појавата на писменоста и Браќата Кирил и Методиј, создавањето на Самоиловото царство, борбите за завладување и доминација на овие простори од страна на Византија, Бугарија, Србија, презентиран е со материјали прикажани на археолошката карта. Меѓу најзначајните наоди од овој период презентирани во музејската поставка е епиграфскиот споменик мермерната плоча со кирилско писмо на Јован Владислав од 1015/17 година. Предметите во средновековниот оддел во постојаната музејска поставка во Битола претставуваат сведоштво за некогашната големина, културниот подем и дострел на средновековието на овие простори.

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk