Безистен (Покриен пазар)

Наутро во центарот на градот, крај кејот на реката Драгор четири големи железни порти го отвораат светот на убавината. Луксузот повикува од секој дуќан.

Свилата, срмата и други  скапоцени ткаенини се обвиткуваат околу телото, го дотеруваат, го стокмуваат.
Навечер се затвораат ги чуваат и кријат во своите пазуви убавините, богатството.
И така секој ден до денес.......

bezisten

Слушајќи го жуборот на водата, чувствувајќи го ветерот во лицето стои сам. Одеделен од своето јадро одделен од чаршијата тој останува како осамен сведок на времето кое поминало.

Наоѓајќи се во непосредна близина на градскиот центар, Безистенот е една од највпечатливите и најстарите градби во Битола од периодот на отоманското владење. Со бројните куполи со кои наликува на тврдина, со трите внатрешни улички и со четирите големи метални порти тој е еден од најголемите покриени пазари во регионот. Изграден е во XV век од страна на Румелискиот Беглер бег, големиот везир и познат ктитор Кара Даут паша Узунчаршили.

Иако овој објект изгледа мошне сигурно, сепак во текот на своето постоење честопати бил ограбуван и опожаруван, но сепак опстанал. Во рамките на Безистенот кој во периодот од изградбата па сé до XIX век честопати бил доградуван и преградуван влегуваат голем број на дуќани во кои се продавал текстил и скапоцени ткаенини.

Тој воедно претставувал и своевиден трезор каде во посебни делови се чувале парите од даноците од целиот Румелиски Вилает пред да бидат однесени во царската благајна.

Од XIX век во него имало вкупно 84 дуќани.

Денес повеќето од нив се современо опремени и се продаваат најразлични стоки. Сепак и покрај сите внатрешни трансформации надворешниот изглед на Безистенот останал речиси непроменет.

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk