Католичка црква

Во срцето на Широк Сокак стои тивко и смирено. Облеана во сонце без збор, но гордо, трае исправена кон небото, кон Бога.

Ги топли душите го шири божјиот збор.

Утешува и лечи, едноставно милува.

Само вербата во Бога, во Исус Христос може да дава толкава сила.

Католичка црква


Духовниот живот на населението и вербата во Бога, на овие простори е со долго и непрекинато минато. Тоа се следи од праисторијата па до денес. Многубожци, Православни, Католици, Муслимани еден по друг и еден покрај друг.

Француските мисионери лазаристи од Конгрегацијата на Св. Винко Павелски својата дејност  на овие простори ја започнуваат во текот на XVIII век. Со зголемувањето на бројот на католици, а како резултат на отварањето на бројни конзуларни претставништа, странски службеници, трговци, како и членовите на нивните семејства, се појавила и потреба од постојано присуство на свешеник кој би се грижел за духовните потреби на населението, за духовна и школска наобразба на децата и останатите верници. Ваквата состојба допринела во 1848/49 год. да биде поставен постојан свештеник чиј престојот во Битола бил доста краток.

ЦЕЛ ЕКРАН (ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА)

Француските лазаристи одиграле најзначајна улога и во формирањето на првата Католичка Парохија во Битола во 1856 год. Основач на Парохијата е Отецот Жан - Жозеф Лепавек кој од денот на своето доаѓање превзел целосна грижа за духовниот живот на верниците. Тој во 1857 год. од битолскиот валија Реџеп - паша, го купил  хотелот Локанда со вкупна површина од 12.000м2. Овој хотел се наоѓал на Широк Сокак, а бил изграден за потребите на турската војска. На мансардата Отец Лепавек направил мала капела каде на Велигден 1857 год. ја служел првата света литургија, а капелата била посветена на Пресвето Срце Исусово. Католичката мисија имала голема поддршка и од Францускиот Конзулат кој на различни начини ја помагал нејзината работа. Со зајакнувањето на Парохијата за потребите на своите верници била изградена Католичката црква, но биле изградени и други објекти.

Во наредниот период во рамките на Парохијата биле отворени училиште и интернат. Во 1870 год. на денешната локација на Широк Сокак е изградена нова католичка црква. Оваа црква градена во барокен стил во 1900 год. била зафатена од пожар. На нејзино место во 1909 год. била изградена денешната црква Католичка Црква изградена во новоготски француски стил.

Архитектонскиот план за изградба на Католичката Црква бил изработен од страна на француски архитект, но реализиран од страна на македонски мајстори.

Ентериерот на црквата го сочинуваат три олтари, голем број на икони и статуи со различна големина, крстилница како и клупи за седење за верниците.

Главниот олтар од костеново дрво, во готски германски стил, бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари се изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот се изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил еден од најпознатите битолски резбари Ѓорѓи Караџов.

Најдоминантна од сите статуи е статуата на Пресвето Срце Исусово која се наоѓа во центарот на главниот олтар.

Камбанаријата на црквата е изградена во периодот 1938 - 1940 год., и е подарок од словенечките верници.

Грижата за своите верници останува непроменета во текот на целото постоење на католичката црква. Вистината најлесно се препознава во вибрациите на сопствениот глас додека се изговараат божествените молитви. Литургијата на македонски јазик која одекнува во просториите на католичката црква скоро триесетина години, го исполнува овој храм со топлина и го прави едно со нас едно со Бога.

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk