Галерија Магаза

Како камена тврдина стои во центарот на градот чувајќи ги љубоморно сите убавини и богатства кои ги внела во себе.
Пркоси на времињата кои поминале пред нејзините очи и ги исчекува оние кои доаѓаат.

Минувајќи низ оваа малечка метална врата зачекоруваш по којзнае кој пат повторно во минатото. Со своите масивни ѕидови, малечката влезна врата и малечките со метални решетки заштитени прозорци, со покрив прекриен со камени плочи, наликува на мала но сигурна тврдина.

magaza_th

Оваа магаза претставувала вистинско уточиште за секој трговец кој ја донел својата стока во овој град. Низ овие порти поминувале и се растоварале, изложувале и продавале, најразлични стоки наменети не само за локалните пазари туку и са поголемите европски пазари. Оваа е една од бројните магази кои постоеле во Битола од средината на XIX век. Тука се преговарала и договарала цената на производите, се надвикувало и доверливо се шепотело. Секој поединечен звук на дневниот жагор се врежал во овој споменик.

ЦЕЛ ЕКРАН - (ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА)

Убавината и мирисите на разновидните стоки кои ја исполнувале нејзината внатрешност како да наоѓа своевиден одраз и во нејзината денешна намена. Овој објект кој денес е претворен во уметничка галерија во која се поставуваат бројни изложби од најразличен вид и карактер, каде се одржуваат литературни читања, камерни концерти и други културни манифестации се моменти кога Магазата живее со оној свој некогашен живот. Жагорот на луѓето повторно одзвонува од ѕидовите на Магазата, а луѓето повторно се тука со слична цел да донесат нешто од Себе но и да понесат дел од оваа убавина за Себе.

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk