Музеј посветен на евреите од Битола

Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола.
Со свеченото отворање Музејот од Битола даде придонес кон одбележувањето на 500 годишнината од прогонувањето на Евреите во 1492 година од Шпанија и Португалија и нивното доселување на Балканот и во Битола.
evrejski_th
Самата поставка својата содржина ја темели низ фотодокументи, копии и друг пишуван материјал што го прикажува еврејскиот етнос кој 500 години живее заеднички со македонското население. Во најголем број фото материјалот изложен во оваа поставка потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век.
Презентирани се повеќе фамилијарни фотографии од видни еврејски семејства, фолклорни, спортски друштва, поединци рабини, занаетчии. Во рамките на поставката се презентираните материјали за нивното учество во НОАВМ и геноцидот спроведен врз нив на 11 март 1943 година од страна на фашистичките окупаторски воени сили и нивната идеологија.
 

ЦЕЛ ЕКРАН - (ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА)

Евреите во Битола

Бегајќи пред инквизицијата од Шпанија и Португалија во 1492 година, над 90 000 евреи доаѓаат на Балканот. од нив 2000 во Македонија а околу 700 се населуваат во Битола.
Евреите во Битола со сите свои белези на етничка припадност, за време на турската управа, живееле во градот концентрирани на еден простор - гето што се наоѓало на просторот зад денешниот здравствен дом. во втората половина на XIX век побогатите семејства започнале да се населуваат и на десната страна од реката Драгор на денешниот простор хотел „Македонија“ - Скршена Џамија – Пошта – ресторан „Солун“.
Тие биле организирани во своја општина преку која ги организирале своите активности во врска co својот религиозен живот, како и своите здравствени, социјални, културни и хуманитарни потреби. овие активности се одвивале преку разни фондови како што биле: „Матанот Лаевјоним“ - подарок на сираците, „Озер Далим“ – здравствена помош, „Бикур Холим“ - посета на болни, „Малбиш Арумим“ - за бедни деца и други.
Просветата ја реализирале во своите верски училишта, но се посетувале и други основни и средни училишта во градот.
За време на фашистичката агресија, Хитлеровата Германија го започнува најозлогласениот геноцид врз евреите. веднаш со самата окупација на Битола од германските и бугарските фашистички воени единици започнува и теророт врз евреите. Нивните домови биле обележани со специјално изработени картони на кои пишувало дека тука живеат евреи, им било забрането сами да управуваат co своите општини, да ги користат општинските фондови и од многуте забрани и мерки им биле ликвидирани сите можности за опстојување. Тие живееја во страв.
На 11 март 1943 година, се случи актот на геноцидот, најстрашната трагедија врз битолските односно македонските евреи.
Од Битола 3351 лице од еврејско потекло со другите евреи од македонија заклучно со 5 ти април беа одведени во логорите на смртта во Треблинка, од каде ниту еден евреин од Македонија не се врати.
Битолските евреи, иако ограбувани, обележани, измачувани на разни начини го помагаа народно-ослободителното и антифашистичко движење.
Дел од младите евреи кои се извлекоа од блокадата се приклучија кон партизанските единици.

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk