Буковски манастир - Св. Преображение Христово

Bukovo Monastery

Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“ е лоциран во прекрасен шумовит предел во близина на селата Буково и Крстоар.

bukovski-manastir-02
Неговата историја е мошне скудна, но сепак постојат некои податоци кои укажуваат на тоа дека е подигнат врз темелите на постара црква.
Манастирската црква е изградена во 1837 година, во 1845 година во манастирот имало два монаха, а во 1865 во манастирот имало само еден игумен.
Денес за манастирот се грижат селаните и селскиот одбор од село Буково.
На средината на манастирскиот двор е лоцирана црквата, а од старите оградни манастирски ѕидови и главната порта е сочуван само остаток од засведената порта. Старите манастирски конаци биле изградени југозападно од црквата, и истите се неодамна обновени.
Поради блискоста на манастирот со Битола, чистиот воздух, планинската вода и живописната природа, манастирот денес е една од најпосетуваните локации за излет во близина на Битола.
Манастирот бил и една од омилените локации на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време Турската империја, особено на Рускиот Конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој бил убиен од страна на Турски војник во 1903 година враќајќи се од манастирот во својата резиденција во Битола.

bukovski-manastir-03

Како до манастирот
До манастирот води автомобилски пат преку селото Крстоар и „Крстоарскиот Манастир“ во должина од приближно 6 км од Битола. Поголем дел од овој пат (4км) е асфалтиран и е во релативно добра состојба до манастирот над село Крстоар – Св. Христифор. Остатокот од патот со должина од 2км е земјен пат, кој е во релативно добра состојба.
Исто така до манастирот може да се стигне пеш (~20 мин), преку село Буково до кое исто така води асфалтен пат.

From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery
From Bitola Macedonia - Photo Gallery

 

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk