Авто и Етно музеј „Филип“ во село Крклино, Битола

Авто и Етно музејот „Филип“ е приватен музеј сместен во село Крклино, на само 5 км од Битола.

Со колекција на предмети која по квалитет и квантитет ги надминува и многу државни музеи, Авто и Етно музејот „Филип“ претставува локација која не смеете да ја пропуштите при вашиот престој во Битола.
Музејот содржи богата збирка на стари автомобили како Симка Ариана од 1953, Опел Олимпија, Форд Таунус, Пежо 404, Филксваген буба, Фиќо итн, како и богата (можеби и најбогата во Македонија) колекција на стари моторцикли и велосипеди кои сеуште се во добра состојба благодарение на Борис Таневски и неговата фамилија.

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola
From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

krklino museum

Етно делот од музејот Филип, содржи исто така богата колекција на предмети, грижливо распоредени во неколку автентични соби, односно градска, селска, еврејска и турска, како и збирка на стари носии, инструменти, оружје, предмети од домаќинството и сл.

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

Градска соба

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

Селска соба

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

Еврејска соба

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

Турска соба

Музеј Филип - Крклино - фото галерија

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by turismo.eu/fuerteventura

Музејот филип е резултат на долгогодишна макотрпна и посветена работа на Борис Таневски и неговата фамилија.
Од неодамна, во функција на развој на туризмот во село Крклино, музејот е збогатен со уште една дејност, т.е. посетителите можат да ноќеваат во автентично уредена соба, како и да пробаат голем број на гуртмански специјалитети приготвени на традиционален начин.

From Auto and Ethno Museum "Filip" in village Krklino Bitola

Повеќе информации
Авто и Етно музеј „Филип“
Село Крклино, 7000 Bitola
Тел:+389 (0)47 286 666
Моб:+389 (0)70 312 146
e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

krklino museum 01

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk