Патека за Првата светска војна – Национален парк Пелистер

Патека за Првата Светска Војна

По заземањето на Битола од страна на сојузниците во ноември 1916 г, војските на централните сили (Бугарија и Германија) се повлекле во околните планини.

WW1 National Park Pelister 05
Со ова, Битола (тогаш Монастир) и околните села се нашле на самиот фронт и биле предмет на постојани двегодишни бомбардирања. Според некои извори, во текот на двогодишните бомбардирања, само во Битола паднале повеќе од 20.000 бомби од најразличен тип (1).
Во меѓусебните пресметки двете војски користеле и гасни бомби, од кои подебелиот крај сепак го извлекло населението и за жал до денешен ден, не се знаат точните жртви кои ги дала Битола и околината, за време на Првата светска војна.
Гладта, лошите услови за живот, болестите кои ги носи секој војна и згора на тоа постојното бомбардирање, го зеле својот данок и според многу релевантни извори Битола и Верден е градовите кои најмногу настрадале во Првата светска војна.
Но за разлика од Верден, на Битола и Македонија и претходеле и Балканските војни, во кои големи битки се одвивале токму во околината на Битола, како важен центар во Османсликата империја и трет по големина град, веднаш по Истанбул и Солун.
Пред почетокот на Првата Балканска војна Битола имала население приближно 60.000, кое по завршувањето на Првата светска војна е сведено на 23.000 (2).
Не се знае точната бројка на жртви и иселени, но се знае како податок дека во тогашна Србија, во рамките на која била и Македонија, процентот на населението кое настрадало во војните е најголем во светот и изнесува 16.67%. Со оглед на тоа дека Битола била на самата фронтова линија, со сигурност може да се каже дека тука процентуалниот сооднос е и далеку поголем.
Денес во самиот град не можат да се најдат многу места кои би посведочиле за ужасите од тоа време, но остатоци од војните можат да се најдат во околните планини. Една таква локација е „Патеката за Првата светска војна“ во Националниот Парк Пелистер.
Прошетката во оваа патека, низ живописните предели на Националниот Парк Пелистер, претставува одлично доживување за целото семејство, и одлична можност посетителите да научат повеќе за Првата светска војна во Битола.
Патеката започнува веднаш до Инфо Центарот во Пелистер, кој поседува одлична поставка за флората и фауната во Пелистер, а завршува во близина на Хотел Молика, со многу попатни станици за одмор и едукација.
WW1 National Park Pelister 01

WW1 National Park Pelister 03

WW1 National Park Pelister 04

Пелистер - Национален парк - фото галерија

National Park Pelister - Photo Gallery

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by turismo.eu/fuerteventura


Литература:
(1) LIST OF PERSONS KILLED IN MONASTIR – BITOLJ (BITOLA) DURING WW1
Excerpt from the book: THE KINGDOM OF SERBIA - INFRINGEMENTS OF THE RULES AND LAWS OF WAR COMMITTED by the AUSTROBULGARO-GERMANS :: LETTERS OF A CRIMINOLOGIST ON THE SERBIAN MACEDONIAN FRONT By R. A. REISS

(2) „Движење на вкупниот број на население во Битола од најстарите времиња до денес“ БИТОЛА - УРБАНО - ГЕОГРАФСКИ РАЗВОЈ, АВТОР: Μ-Р НИКОЛА Β. ДИМИТРОВ, ДРУШТВО ЗА НАУКА И УМЕТНОСТ БИТОЛА, 1998 Г.
ISBN 9989-628-33-5

(3) Frédéric Le Moal, La Serbie du martyre à la Victoire 1914–1918, 2008, éditions 14–18 (2013) (ISBN 9782916385181), page 231

 

contentmap_plugin

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk