Снаоѓање низ Битола

Прошетката низ Битола е една од најдобрите работи кои може да ги направите и воедно најдобриот начин вистински да ја запознаете Битола.

 

Да го почувствувате струењето на пријатниот ветер кој се спушта по падините на Баба Планина и Пелистер, да ја почувствувате вревата на секојдневието да ги видите насмеаните и пријателски лица на луѓето.

 

Би можеле да го почувствувате топлото добредојде, не само во кафетериите, рестораните, продавниците туку и на некој од отворените пазари.

 

Повеќето од хотелите се сместени во центарот на градот, но постојат и повеќе хотели кои се 10, 20 или 30 минути пешачење од центарот. Па ако повеќе сакате да пешачите или да видите нешто повеќе од Битола може да отседнете во некој од овие хотели.

 

Сепак ако претпочитате да го избегнете сето ова, секогаш може да се послужите со градскиот автобус кој ќе ве однесе низ целиот град. Цената на билетот е навистина ефтина и би ве чинела најверојатно околу 30 денари или 50 Евро - центи.

 

Или би можеле да земете “Taxi” кое исто така е релативно ефтино и во зависност од оддалеченоста би ве чинело 60 - 120 денари, односно 1-2 Евра, а можеби и поефтино.

 

Ако сакате да научите повеќе за градот, неговите жители, неговата култура и историја може да изнајмите туристички водич во Туристичкиот инфо - центар или во некоја од локалните туристички агенции.

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk