ИНТЕРФЕСТ Битола

Категорија: Настани (Events in Bitola)
interfest

Фестивал на класична музика- е фестивал за време на кој солисти и уметници од целиот свет го посетуваат градот за да учествуваат на истиот, а кој ја заслужува својата популарност и надвор од рамките на нашата држава.
ИНТЕРФЕСТФестивал на класична музика- е фестивал за време на кој солисти и уметници од целиот свет го посетуваат градот за да учествуваат на истиот, а кој ја заслужува својата популарност и надвор од рамките на нашата држава.

МЕЃУНАРОДНО ГРАФИЧКО ТРИЕНАЛЕ

Категорија: Настани (Events in Bitola)

Меѓународна графичка изложба која својот пат го започнува од 1994 год., со желба и голема љубов да се допрат, да се откријат современите графички збиднувања од и низ сите меридијани. Се одржува на секои три години во периодот од септември до декември.
Меѓународното графичко триенале е најголема ликовна манифестација во Република Македонија. Свое учество имаат земено над 80 држави од цел свет со околу 5 000 уметници.

Повеќе...

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКА КАМЕРА БРАЌА МАНАКИ

Категорија: Настани (Events in Bitola)

manaki_fest

Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”, што се одржува секоја година во Битола, е организиран од Друштвото на филмски работници на Република Македонија - ДФРМ.

Повеќе...

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ (29 Јули - 03 Август)

Категорија: Настани (Events in Bitola)

ilindenski

Фестивал на фолклорни игри и песни “ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ”- Желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор, ја наметнува потребата од организирање и одржување на традиционални фестивали.

Повеќе...

БИТ ФЕСТ (Јули - Август)

Категорија: Настани (Events in Bitola)

Фестивал кој се одржува со многубројни уметнички содржини   (ликовни изложби, филмски проекции, театарски претстави, концерти на сериозна музика, балет, опера, концерти на забавна музика). Се одржува од 01-ви јули до 20-ти август секоја година. Оваа манифестација е финансиски поддржана од Општината Битола.

ДЕН НА КУЛТУРАТА (10-ТИ ЈУНИ)

Категорија: Настани (Events in Bitola)
Во 2006 год. за прв пат се востанови оваа манифестација и се планира да стане традиционална. Од 12:00 часот до 24:00 часот се одвива културна програма со различни содржини на повеќе локации во нашиот град (ликовна работилница, рок хепенинг, изложби, театарски претстави, филмски проекции, концерт на сериозна музика, концерт на КУД-овите од Битола).

МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР (23 - 30 мај)

Категорија: Настани (Events in Bitola)
monmartrНајзначајниот дел од историјата на ликовното воспитување во Битола се отстапува на Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј, формирано во 1981 год. од ликовниот педагог Коста Хаџи Антоновски, со основна цел ликовно оформување и доизградување на младите ликовни таленти од битолските основни училишта и од предучилишните установи.Најголем успех на студиото претставува организирањето на Меѓународната детска ликовна колонија, позната како Мал битолски Монмартр која успешно опстојува веќе 30-тина години. Во 1992 Колонијата прераснува во меѓународна манифестација.
На овој настан учество земаат над 150 ученици, повеќе од 1000 училишта од над 40 земји од светот со повеќе од 20 000 уметнички творби. Младите уметници на своите платна најчесто ја сликаат старата архитектура на градот, како еден од најпрепознатливите симболи на Битола.
Студиото располага со огромен фонд детски цртежи (преку 350.000) кои беа изложени на Изложбата на Гинис.

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk