Планини

Категорија: Природа (Nature)
Околината на Битола изобилува со разни видови релјефни облици. Највпечатливи се таканаречените камени реки составени од блокови  на гранити и кварцни шилци, натрупани едни врз други без никаква ориентација.
Камените реки најизразени се на северната страна од селото Ниже Поле на возвишението Црвена Стена со должина до 3 км.
ПланиниОколината на Битола изобилува со разни видови релјефни облици. Највпечатливи се таканаречените камени реки составени од блокови  на гранити и кварцни шилци, натрупани едни врз други без никаква ориентација.
Камените реки најизразени се на северната страна од селото Ниже Поле на возвишението Црвена Стена со должина до 3 км.

Флора и фауна

Категорија: Природа (Nature)
Од растенијата попознати се: пелистерска качунка, папратот, моликата, пелистерска небесна роса, пазикуќата, кантарионот и темјанушката. Секако дека посебно значење имаат и габите: лисичарката и вргањот.
Во планините близу Битола, живеат и посебно внимание заслужуваат: кафеавата мечка, срната, обичниот елен, волкот, зајакот, дивата свиња, верверицата, дивокозата и рисот. Регистрирани се голем број на птици и тоа: еребицата камењарка, златниот орел, карпестиот лазач и црвеноклуната галица.
Најзначајни од рибите се пелистерската и пелагониската ендемична поточна пастрмка.
Растителниот свет е мошне разнообразен со шумски површини под бука, ела, молика и даб. Најголема вредност има моликата (Pinus Peuce), автохтон вид на петтоигличест бор кој претставува еден од најзначајните и најинтересните еколошки и вегетациски феномени на Балканскиот Полуостров.
Флора и фаунаОд растенијата попознати се: пелистерска качунка, папратот, моликата, пелистерска небесна роса, пазикуќата, кантарионот и темјанушката. Секако дека посебно значење имаат и габите: лисичарката и вргањот.
Во планините близу Битола, живеат и посебно внимание заслужуваат: кафеавата мечка, срната, обичниот елен, волкот, зајакот, дивата свиња, верверицата, дивокозата и рисот. Регистрирани се голем број на птици и тоа: еребицата камењарка, златниот орел, карпестиот лазач и црвеноклуната галица.
Најзначајни од рибите се пелистерската и пелагониската ендемична поточна пастрмка.
Растителниот свет е мошне разнообразен со шумски површини под бука, ела, молика и даб. Најголема вредност има моликата (Pinus Peuce), автохтон вид на петтоигличест бор кој претставува еден од најзначајните и најинтересните еколошки и вегетациски феномени на Балканскиот Полуостров.

Реки и Езера

Категорија: Природа (Nature)
Изворот на реката Драгор се наоѓа во повисоките делови на планината Баба меѓу 2.000 и 2.200 мнв, додека пак големиот број планински реки имаат изразит планински карактер и се богати со доста чиста и ладна вода.
Со посебна природна привлечност се издвојуваат двете глацијални езера: Големо и Мало Езеро познати како “Пелистерски Очи”.
Големото Езеро се наоѓа надморска височина од 2.218 метри, долго 223 метри, широко 162, длабоко 14,5 метри. До самото езеро има изграден планинарски дом кој може на посетителите да им овозможи престој повеќе денови.
Малото Езеро е на надморска висина од 2.180 метри оддалечено околу 2 километри од Големото Езеро. Има кружен облик, со најголема длабочина од 2,6 метри.
Реки и ЕзераИзворот на реката Драгор се наоѓа во повисоките делови на планината Баба меѓу 2.000 и 2.200 мнв, додека пак големиот број планински реки имаат изразит планински карактер и се богати со доста чиста и ладна вода.
Со посебна природна привлечност се издвојуваат двете глацијални езера: Големо и Мало Езеро познати како “Пелистерски Очи”.
Големото Езеро се наоѓа надморска височина од 2.218 метри, долго 223 метри, широко 162, длабоко 14,5 метри. До самото езеро има изграден планинарски дом кој може на посетителите да им овозможи престој повеќе денови.
Малото Езеро е на надморска висина од 2.180 метри оддалечено околу 2 километри од Големото Езеро. Има кружен облик, со најголема длабочина од 2,6 метри.

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk