Почеток и настанок на градот

Категорија: Историја (History of Bitola)

Следејќи ги историските факти за создавањето и постоењето на населби во овој регион ќе се навратиме многу, многу одамна каде дури и онаа реченица со која започнуваат приказните “Во далечното минато си живееле еднаш....”, ќе ја има вистинската смисла и содржина.

Повеќе...

Македонија под Турско ропство

Категорија: Историја (History of Bitola)

Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382/3 год по многу тешки и крвави борби и по исклучително жестокиот отпор кој го пружило локалното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдината.

Повеќе...

Балкански војни

Категорија: Историја (History of Bitola)
Балкански војни
Првата Балканска војна, засекогаш ставила крај на петвековното турско владеење во Битола и Македонија. По неа следувала Втората Балканска Војна, така што светлината на ослободувањето била со краток век затоа што едното ропство било заменето со друго. Прокламирајќи се како ослободители српските војски набрзо ги покажале своите вистински територијални аспирации. Со поделбата на Македонија и со поставувањето на границите со Грција дошло до значителен застој и постепено замирање на трговските врски кои Битола ги имала со Солун а оддтаму и со останатите европски центри. Сосема брзо една окупација станува заменета со нова.

Првата Балканска војна, засекогаш ставила крај на петвековното турско владеење во Битола и Македонија. По неа следувала Втората Балканска Војна, така што светлината на ослободувањето била со краток век затоа што едното ропство било заменето со друго.

Повеќе...

Прва и Втора Светска Војна

Категорија: Историја (History of Bitola)

Овојпат српската краткотрајна окупација во 1915 год. по започнувањето на Првата светска војна е заменета со бугарската. Бугарските окупатори опстојувале во Битола само една година, по што во 1916 год. Битола потпаѓа повторно под власта на сојузничките војски (Италија, Англија, Русија и Србија).

Повеќе...

Битола по ослободувањето

Категорија: Историја (History of Bitola)

Со завршувањето на Втората светска војна дојде до драстични промени во сите сегменти на човековото живеење. Долгоочекуваната слобода конечно пристигна и во Битола по што по долгогодишните војни и превирања конечно дојде до стабилизирање на состојбата.

Повеќе...

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk