Времето во Битола

Категорија: Клима (Climate in Bitola)

Временска прогноза за Битола (Weather in Bitola)

Повеќе...

Клима

Категорија: Клима (Climate in Bitola)

Градот има средна годишна температура на воздухот од 11,1°С, но со големи отстапувања во одредени години: од 10,1°С во 1975 година до 13,1°С во 1952 г. Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од 0,6°С, но со апсолутна минимална температура од -30,4°С. Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22,2°С и со апсолутно максимална температура од 41,2°С. Апслолутното годишно варирање на температурата на воздухот изнесува 71,6°С што е специфика за континенталната клима.

Температурата има карактеристика на континентална клима, а врнежите на сушна изменето-медитеранска или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка т.е. Сахара. Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 mm, со вредности кои се движат од 338 mm до 879 mm.

Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1 што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.

Во Битола исто така има метеоролошка станица, лоцирана на излезот од градот на патот кон Новаци. Започнала со работа од 16 март 1945, иако за одредени метеоролошки елементи има систематски податоци од 1926 и 1927 година. Метеоролошката станица во градот се наоѓа на надморска височина од 586 m, блиску до просечната надморска височина на градот која изнесува 576 m.

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk