ВИОЛÈ – мисионерка

Категорија: Личности (Famous persons)

Виолè, (1859-1925), француска милосрдна сестра на католичкиот ред, основоположник раководител и сесрден учесник во лазаристичката мисија во Битола, хуманист, особено пред и по Илинденското востание, дала голема помош на постраданите во Битола и битолскиот крај.

Повеќе...

ВИДИМЧЕ ПЕЦО - ликовен уметник

Категорија: Личности (Famous persons)

vidimce-pecoВидимче, Пецо (1921), значаен ликовен уметник кој со својата дејност е носител на либералните ликовни струења и пробивот на демократската мисла за ликовната уметност во Македонија во шестата деценија.

Повеќе...

ВЕЛЈАНОВСКИ ПЕТАР - актер

Категорија: Личности (Famous persons)

veljanovski-petarВелјановски, Петар (1905 - 1975), е еден од основачите на Народниот театар во Битола.

Повеќе...

ВЕЉАНОВСКА ВЕРА - спортист

Категорија: Личности (Famous persons)

veljanovska-veraВељановска, Вера (1955), спаѓа во редот на познатите спортисти во Битола. Учествувала на бројни атлетски манифестации што се одржаа на просторите на поранешна Југославија и повеќе други земји.

Повеќе...

ВАНЃЕЛОВ ВАСКО - спортист

Категорија: Личности (Famous persons)

vangelov-vaskoВанѓелов, Васко (1927), роден во Битола, професор по физичко воспитување, целиот свој живот го посветил на едукацијата на младите и развојот на спортот во Битола.

Повеќе...

БРЕЈЛСФОРД ХЕНРИ - мисионер –

Категорија: Личности (Famous persons)

bejlsford-henriБрејлсфорд, Хенри Н. (1873-1948), роден во Мирфилд-Јоркшир, Англија, англиски хуманист и публицист.

Повеќе...

БОШЕВСКИ ТОМЕ - академик

Категорија: Личности (Famous persons)

bosevski-tomeБошевски, Томе (1937), академик, доктор по технички науки, универзитетски професор.
Роден 1937 г. во Битола, каде завршил основно образование и гимназија.

Повеќе...

БОЈАЏИЕВСКИ ПЕТАР - лекар

Категорија: Личности (Famous persons)

bojadzievski-petarБојаџиевски, Петар (1939), примариус, специјалист офталмолог, истакнат стручен, едукативен и научен работник, коавтор на првиот македонски офталмолошки учебник „Одбрани поглавја од офталмологијата“ (1996).

Повеќе...

БОЈАЏИЕВ ХРИСТО - уметнички фотограф

Категорија: Личности (Famous persons)

bojadziev-hristoБојаџиев, Христо (1948), творец на уметничката фотографија, роден 1948 г. во Битола. Основно и средно образование има завршено во Битола.

Повеќе...

БОЖИНОВСКИ МИШКО - револуционер

Категорија: Личности (Famous persons)

bozinovski-miskoБожиновски, Мишко (1923), борец за слобода, општественик, историчар, хроничар, автор на голем број трудови од поблиската национална историја, роден 1923 г. во Битола.

Повеќе...

БАЛАБАН АВРАМ - лекар

Категорија: Личности (Famous persons)

balaban-avramБалабан, Аврам - Балаланоглу (1865– 1913), способен хирург и гинеколог кој извршувал многу тешки хирушки интервенции.

Повеќе...

АЛУШЕВСКИ ИЛИЈА - фолклорист

Категорија: Личности (Famous persons)

alusevski-ilijaАлушевски, Илија (1928–2004), фолклорист, етнолог, просветен деец, публицист, кореограф и запишувач на усната литература во битолскиот крај и пошироко.

Повеќе...

АЛЕКСОВА РАЈНА - фармацевт

Категорија: Личности (Famous persons)

aleksova-rajnaАлексова, Рајна (1883–1959), првата жена фармацевт во Македонија.
Родена 1883 г. во Битола. Гимназија завршила во Солун, а потоа се запишала на фармацевтскиот факултет во Лозана (Швајцарија).

Повеќе...

АНГЕЛЕВСКИ ТОДОР - ТОШО ДАСКАЛО (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)

Ангелевски тодорАнгелевски, Тодор - Тошо Даскалот (1910-1943), роден на 4. I 1910 г. во битолското село Лавци. Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци.

 

Повеќе...

АНГЕЛОВСКИ ПЕТАР (сценограф)

Категорија: Личности (Famous persons)
АНГЕЛОВСКИ ПЕТАР (сценограф)
Ангеловски, Петар - (1931-2003), сценограф кој секогаш настојуваше да навлезе во суштината на драмското дело, покажувајќи одредена стручност, вкус и одлично познавање на законитоста на сцената, сценографскиот простор го исполнуваше со динамика и природни состојби со што делото сценографски го оживува.
Co неговото доаѓање во 1960 г., битолскиот театар се здобива со првиот постојан сценограф. Co своите зафати во областа на театарската сценографија, покажа осведочени креативни способности во посовремениот сценски израз. Од посебно значење е фактот дека од претстава во претстава открива нови творечки потенцијали. Тој никогаш од сцената не правеше изложба, сценографијата сама за себе да биде убава, туку го назначуваше битното, функционалното. Co својата неуморна и самопрегорна работа ги забрза процесите во развојот на сценографијата. Неговиот творечки опус, претставува една мошне голема збирка од над 200 сценографии во кои се застапени домашната, современата југословенска и светска драматургија: „Печалбари" од А. Панов, „Чекор до есента" од Т. Арсовски, „Окрвавен камен" В. Иљоски, „Цар Едип" од Софокле, „Хамлет" од В. Шекспир, „Севилски бербер" од Бомарше и др.
Во рамките на тетарските игри „Војдан Чернодрински" (1983), отворена е изложба на негови макети и сценографски скици.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

Angelovski_PetarАнгеловски, Петар - (1931-2003), сценограф кој секогаш настојуваше да навлезе во суштината на драмското дело, покажувајќи одредена стручност, вкус и одлично познавање на законитоста на сцената, сценографскиот простор го исполнуваше со динамика и природни состојби со што делото сценографски го оживува.

Повеќе...

АНДРЕЕВСКИ ПЕТРЕ (писател)

Категорија: Личности (Famous persons)

andreevski_petre_mАндреевски, Петре (1934-2006) - истакнат македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор кој повеќе од четири децении е меѓу челниците во современата македонска литература, академик. Пишувал поезија, раскази, романи, драми, филмски сценарија и др. вид на дела.

Повеќе...

БОЖИНОВСКИ ПЕТАР - ПЕЦО (народен херој)

Категорија: Личности (Famous persons)
БОЖИНОВСКИ ПЕТАР - ПЕЦО (народен херој)
Божиновски, Петар - Пецо (Кочо) (1920-1970), македонски револуционер и партизан, народен херој. По завршувањето на основното училиште се запишал во Битолската гимназија. Но, поради големата немаштија на неговото семејство, принуден бил да ја напушти Гимназијата и да се вработи. Добил работа во Монополот, каде станал свесен за тешкиот живот на работниците. Затоа, уште како многу млад стапил во редовите на напредното работничко револуционерно движење и станал член на СКОЈ. По бугарската фашистичка окупација бил член на Воениот комитет на Битола. Во 1941 г. бил ангажиран во подготовките за вооружена борба и станал еден од иницијаторите и организаторите на Првиот битолски партизански одред „Пелистер", а подоцна станал борец и во Битолско-преспанскиот партизански одред. За неговата храброст и самопрегор се дознало и во Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија и тој бил повикан за курир во Штабот. Повеќе пати се наоѓал во придружба на највисоки раководители на движењето во Македонија. Подоцна станал политички комесар на Седмата македонска бригада и учествувал во завршните борби за ослободување на Македонија. Починал 1970 г. во Битола. За народен херој е прогласен на 2. VIII 1952 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

bozinovski_petarБожиновски, Петар - Пецо (Кочо) (1920-1970), македонски револуционер и партизан, народен херој. По завршувањето на основното училиште се запишал во Битолската гимназија. Но, поради големата немаштија на неговото семејство, принуден бил да ја напушти Гимназијата и да се вработи.

Повеќе...

ВЛАДИСЛАВ ЈОВАН (владетел)

Категорија: Личности (Famous persons)
ВЛАДИСЛАВ ЈОВАН (владетел)
Владислав, Јован (1015-1018), македонски цар, последен владетел на Самуиловата држава, син на Арон, внук на Самуил. Co него е поврзано првото споменување на името на Битола, на плочата што ја подигнал при обновата на тврдината околу градот во XI век. Кога застанал на чело на поранешната Самуилова држава. Ј. Владислав ја обновил тврдината во Битола, што го потврдува и плочата која денес се чува во Заводот и музеј Битола. Ј. Владислав пред тоа бил спасен од Гаврил Радомир, негов братучед син на Самуил, при убиствата вршени од неговиот чичко Самуил кој ја поништил целата фамилија на неговиот брат (таткото на Владислав). По смртта на Самуила Ј. Владислав започнал да води политика за да го заземе царскиот престол. Така, за време на еден лов го ликвидирал својот братучед Гаврил Радомир (неговиот поранешен спасител - синот на Самуил) и се искачил на престолот. Се обидел да склучи мир со Василиј II. Владеел од 1015 г. до последната година на Царството 1018.
Ј. Владислав ја обновил и ја зацврстил Битолската тврдина (1015-1016) која ги чувала приодите кон Преспа и Охрид. Во времето на неговото владеење војските на византискиот цар Василиј II ги протерал од близината на Битола и Пелагонија подалеку од Црна Река бидејќи пљачкосувале и вршеле насилства по селата и пред градот Битола. Тој бил енергичен владар и го заштитувал населението од напади на разни војски и орди, а најмногу од Византијците кои биле немилосрдни, груби, жестоки и страшно нехумани. Имал големи проблеми со Византија. Често стигнувале војски до бедемите на битолската тврдина и се втурнувале чинејќи штети. Настојувал да ги запре византиските напади и да го спречи освојувањето на Сетина, но во близината на тврдината (во Битола) во борбите со византискиот василевс Василиј II (1017) доживеал тежок пораз. Загинал кон крајот на август во 1018 г. од Византијците во една борба во близината на Драч.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Владислав, Јован (1015-1018), македонски цар, последен владетел на Самуиловата држава, син на Арон, внук на Самуил. Co него е поврзано првото споменување на името на Битола, на плочата што ја подигнал при обновата на тврдината околу градот во XI век.

Повеќе...

ГАВРИЛ РАДОМИР (владетел)

Категорија: Личности (Famous persons)
ГАВРИЛ РАДОМИР (владетел)
Гаврил, Радомир (1014-1015), македонски владетел, на престолот дошол по смртта на Самуила. Учествувал во сите поважни битки: во битката кај Ихтиман (986), кај Сперхеј (996) и во Беласичката битка (1014). На двапати (кај Сперхеј и Беласица) успеал да го спаси својот татко и да го извлече од бојното поле на веќе загубените битки. Како совладател ги управувал териториите околу Островското и Петерското Езеро, заедно со Пелагонија каде што имал (во Битола) свој дворец. Според историските извори Г. Радомир бил цар кој живеел и подигнал царски дворец во Битола. Co тоа градот го направил царска престолнина. Битола, за време на владеењето на Г. Радомир (1014 г.) во византиските извори се споменува со името Бутелиу. По смртта на неговиот татко, се искачил на престолот. Водел борба да ги зачува териториите што ги зазел неговиот татко Самуил. По војната со Византија ги загубил Северна Пелагонија, Раец и Мегленската област, но успеал да ја одбрани Битола, каде што се наоѓала неговата резиденција. Во 1015 г. бил убиен на лов, кај местото Петерско близу Острово на брегот на Островското Езеро.
 
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

Гаврил, Радомир (1014-1015), македонски владетел, на престолот дошол по смртта на Самуила. Учествувал во сите поважни битки: во битката кај Ихтиман (986), кај Сперхеј (996) и во Беласичката битка (1014). На двапати (кај Сперхеј и Беласица) успеал да го спаси својот татко и да го извлече од бојното поле на веќе загубените битки.

Повеќе...

ГОЧЕВА КАРОЛИНА (музичар)

Категорија: Личности (Famous persons)
ГОЧЕВА КАРОЛИНА
Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска поп пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Биографија
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
Од почетокот на месец март до јуни 2008 година Каролина учествува како член на жирито и учесник во телевизиското шоу „Пеј со мене“ (бугарски: „Пей с мен“), кое се емитува по бугарската Нова телевизија.
Албуми
Мамо, пушти ме - 1992
Јас имам песна - 2000
Зошто сонот има крај - 2002
Знаеш колку вредам - 2003
Кад звезде нам се склопе... као некада - 2003 (на српски)
Во заборав - 2005
У забораву - 2006 (на српски)
Македонско девојче - 2008
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
karolinaКаролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска поп пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Повеќе...

ГРУЕВ ДАМЈАН (револуционерен деец)

Категорија: Личности (Famous persons)
ГРУЕВ ДАМЈАН (револуционерен деец)
Груев, Дамјан (1871-1906), еден од основоположниците на ВМРО, нејзин прв секретар и член на ЦК, војвода, најистакнат организатор на македонското револуционерно национално ослободително движење, народен учител. Груев бил поборник за непомирлива револуционерна борба, водена од самиот македонски народ. Бил роден во с. Смилево. Основно образование завршил во родното село, а средно во Солунската (егзархиска) гимназија завршил I и II клас. Школувањето го продолжил во Белград. Таму, во 1889 г. ја основале Младата македонска книжевна дружина и го издавале списанието „Лоза". Во Софија студирал историја на Вишото училиште. Учителствувал во Штип и тука се запознал со Гоце Делчев. Во 1891 г. во Битола формирал револуционерен кружок („Дружба") и напишал устав на Кружокот. Co група македонски интелектуалци, во Солун ја формирале МРО на 23. X 1893 г. Во 1894/95 г. бил учител во штипско Ново Село, каде што заедно со Гоце Делчев, ја ширел мрежата на Организацијата, основајќи месни комитети на Организацијата во Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен, Штип и во многу други места, како и многубројни селски комитети. Активно учествувал во работата на Ресенското советување (1894 г.) и на Солунскиот конгрес (1896). Бил егзархиски училишен инспектор во Солунско и учител во егзархиските гимназии во Солун и во Битола, каде што истовремено бил раководител на Битолскиот револуционерен округ. Во 1895 и 1898 г. Д. Груев бил инспектор на училиштата во Солунско. Во 1900 г. бил затворен во битолскиот затвор. Бил осуден на 10 години од кои две одлежал во Битола, а во мај 1902 г. бил испратен во Подрум-Кале, Мала Азија на заточение. По амнестирањето во пролетта 1903 г. се вклучил во подготовките за кревање на Илинденското востание. Од 2-7 мај 1903 г. заседавал со Смилевскиот конгрес на битолскиот револуционерен округ на кој било решено востанието да се крене на 2. август 1903 г. На 2 август Главниот штаб дал сигнал за избувнување на востанието. Масовно се дигнала Битолската револуционерна област, востанал целиот Демир Хисар, нив им се приклучило Крушево и родољубивото Кичево. Заедно со нив развеале востаничко знаме во Преспанско, во Охридско, во Струшко, во Леринско, Костурско, Воденско, во Прилепско и во борбеното Мариово. Под водството на Груев, Македонија се претворила во крваво боиште и во пламнато жариште. Се воделе борби на сите страни. Турскиот аскер бил немилосрден и кон востаниците и кон народот. Востанието било крваво угушено, а илјадници народ погубен, уништен. По востанието непосредно ги раководел Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (1904) и Скопскиот окружен конгрес (1905). Бил претседател на Рилскиот конгрес (1905) каде што бил избран за член на Централниот комитет. По конгресот извесен период дејствувал во Солун. Загинал 1906 г. во борба со турските воени сили кај врвот Петлец до с. Русиново - Малешевско.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
gruev_dameГруев, Дамјан (1871-1906), еден од основоположниците на ВМРО, нејзин прв секретар и член на ЦК, војвода, најистакнат организатор на македонското револуционерно национално ослободително движење, народен учител. Груев бил поборник за непомирлива револуционерна борба, водена од самиот македонски народ. Бил роден во с. Смилево.

Повеќе...

ДАСКАЛО ТАКИ (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
ДАСКАЛО ТАКИ (револуционер)
Даскало, Таки - Димитар Николовски (1921-1942), роден во Битола. Основно образование стекнал во Битола. По завршувањето на четиригодишното училиште се запишал во Долната гимназија во Битола, каде што завршил четврти клас и положил полуматурски испит. Потоа, своето образование го продолжил во Скопската учителска школа. Уште во учителската школа во Скопје и се придружил на групата напредни младинци. По капитулацијата на кралството Југославија, Таки Даскало веднаш се вклучил во рецолуционерното движење. Поради своите активности, набргу дошол во судир со бугарската окупаторска полиција, па кон крајот на 1941 г. станал еден од првите илегалци во Битола. Поради опасноста од дејствувањето во илегала во Битола, со одлука на Месниот комитет на КПЈ, Таки Даскало бил префрлен во с. Лавци. Активно учествувал и во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер", a no неговото формирање бил назначен за политички комесар. Неговата богата револуционерна активност била прекината на 3 мај 1942 г. кога во борба со бугарските фашистички, окупаторски, воени и полициски сили во Ореовата Корија бил тешко ранет, а потоа ѕверски дотепан со кундаци од бугарските окупаторски војници.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
daskalo_takiДаскало, Таки - Димитар Николовски (1921-1942), роден во Битола. Основно образование стекнал во Битола. По завршувањето на четиригодишното училиште се запишал во Долната гимназија во Битола, каде што завршил четврти клас и положил полуматурски испит. Потоа, своето образование го продолжил во Скопската учителска школа.

Повеќе...

ДЕМИРОВСКИ АЈРИ (музичар)

Категорија: Личности (Famous persons)
ДЕМИРОВСКИ АЈРИ (музичар)
Демировски, Ајри (1927 - 2009), автор на песната „Битола, мој роден крај". Роден е во Битола. По ослободувањето Ајри Демировски бил првиот испратен ученик од Битола во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика. Ајри Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче", „Таму ле мајко близу Битола", „Само ти се чудам Цвето", „Сношти те Маре сонував", „За кого ти цути Дано лицето"„Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои многумина мислат дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. И секако најпопуларната меѓу нив, неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај", песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласија за песна на векот, а нејзиниот автор Ајри Демировски за почесен граѓанин на Битола.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
demirovski_ajriДемировски, Ајри (1927 - 2009), автор на песната „Битола, мој роден крај". Роден е во Битола. По ослободувањето Ајри Демировски бил првиот испратен ученик од Битола во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар.

Повеќе...

ДИМИТРОВ СЛАВЕ (музички уметник)

Категорија: Личности (Famous persons)
ДИМИТРОВ СЛАВЕ (музички уметник)
Димитров, Славе (1946), македонски композитор, пејач, аранжер, кантавтор, музички продуцент. Роден е во Битола. Дебитирал во 1966 г. на фестивалот „Младина 66" во Суботица. Основно и гимназиско образование завршил во Битола, а во 1966 г. се запишал на Музичка академија во Белград. Во 1970 г. се вработил во Македонското радио како музички продуцент (потоа уредник - продуцент). Од 1990 г. работи во Секторот за документација на МНТ, на воспоставување електронско архивирање на фонотечните добра. Неговиот творечки музички опус содржи над 1000 музички нумери, кои во својата форматираност обединуваат повеќе оргинални уметнички и музичко жанровски моменти од урбаната традиција кај нас. Создал низа популарни композиции со кои учествувал на тогаш најпознатите фестивали (Опатија, Сараево, Скопје). Некои од нив станале антологиски за македонската поп музика меѓу кои: „Чија cw" (1971; прогласена за песна на векот во 1999г.), „Тивко, тивко, Ти само збориш" и др. Во меѓувреме, создавал и таканаречена применета музика, односно музика за филмови меѓу кои и за филмот „Исправи се, Делфина", за поголем број на драми, за телевизиски серии на МРТ. Славе Димитров успешно продолжува со творење во областа на современата маке-донска музика.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
dimitrov_slaveДимитров, Славе (1946), македонски композитор, пејач, аранжер, кантавтор, музички продуцент. Роден е во Битола. Дебитирал во 1966 г. на фестивалот „Младина 66" во Суботица. Основно и гимназиско образование завршил во Битола, а во 1966 г. се запишал на Музичка академија во Белград.

Повеќе...

ДУНИМАГЛОСКА ВЕСНА (спортист)

Категорија: Личности (Famous persons)
ДУНИМАГЛОСКА ВЕСНА (спортист)
Дунимаглоска, Весна (1976), македонска спортистка. Родена 1976 г. во Битола. Основното и средното образование го завршила во Битола. Во1999 г. дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во 2005 г. магистрирала на Универзитетот на уметностите во Белград и се стекнала со звањето Магистер во областа на мултимедијалната уметност. Од 1982 до 1994 г. била член на скијачкиот клуб „Пелистер", Битола. Била апсолутен шампион на РМ во слалом и велеслалом во своите категории. Во 1986 г. го освоила второто место во слалом на Балканското првенство во Бурса, Турција, а во 1990 г. третото место на Националното првенство на Бугарија. Во 1990 г. била државен шампион на РМ во повеќебој, гимнастика. Во 1992 г. учествувала на Југословенското првенство на Бјелашница, Босна и го освоила првото место во слалом и второто место во велеслалом. Истата година учествувала на ЗОИ Албертвил во Југословенската алпска скијачка репрезентација. Била двократен спортист на годината на Битола, двократен спортист на годината од списанието „Скок" и била во 10-те најуспешни спор-тисти на Македонија од СОФКА. Живее и твори во Битола.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
dunimagloska-_vesnaДунимаглоска, Весна (1976), македонска спортистка. Родена 1976 г. во Битола. Основното и средното образование го завршила во Битола. Во1999 г. дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во 2005 г. магистрирала на Универзитетот на уметностите во Белград и се стекнала со звањето Магистер во областа на мултимедијалната уметност.

Повеќе...

ИЛИЕВСКИ ДИМИТАР - МУРАТО (алпинист)

Категорија: Личности (Famous persons)
ИЛИЕВСКИ ДИМИТАР - МУРАТО (алпинист)
Илиевски, Димитар - Мурато (1953-1989), прв македонски планинар кој на 10 мај 1989 г. го освоил Монт Еверес. Во ПСД „Пелистер" сезачленил во 1968 г. Во 1972 г. го завршил курсот за планинарски спасители. Врвовите повисоки од 3000 м за него беа минато уште кога почна целосно да му се посветува на алпинизмот. Меѓу првите позначајни успеси остварени со дел од неговите верни придружници е освојувањето на „Доломитите-Мармалада" 3342 м н.в. Во 1979 г. со своите другари Д. Илиевски за првпат се искачи на Монт Блан, 4807м н.в. Само една година подоцна го освои и Метерхон - 4478м н.в., а во 1981г. повторно се искачи на Монт Блан, Метерхон и Монте-Роса - 4634 м. Во 1982 г. учествувал во Првата македонска алпинистичка експедиција „Анди-82" при што го освоил Чупи-кали 6400 м. и Хуасхаран јужен врв 6768 м. и северен врв 6677 м. Во 1984 г. бил учесник во Втората македонска алпинистичка експедиција Памир-84 тогаш беа освоени врвовите Пик Четвориок и Врвот на комунизмот каде што со својот другар Ѓорги Костовски доживеале вистинска одисеја, борејќи се да ги спасат животите на двајца алпинисти од Австрија. На 10 мај 1989 г. го постигнал најголемиот успех, освојувајќи го Монт Еверест, највисокиот врв на светот (8848 мнв.). Co тој подвиг Д. Илиевски отиде во вечноста и во светот на спортските легенди.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
ilievski_dimitar_muratoИлиевски, Димитар - Мурато (1953-1989), прв македонски планинар кој на 10 мај 1989 г. го освоил Монт Еверес. Во ПСД „Пелистер" сезачленил во 1968 г. Во 1972 г. го завршил курсот за планинарски спасители. Врвовите повисоки од 3000 м за него беа минато уште кога почна целосно да му се посветува на алпинизмот.

Повеќе...

ЈАНАКИЕВСКИ ТОМЕ (археолог)

Категорија: Личности (Famous persons)
ЈАНАКИЕВСКИ TOME (археолог)
Јанакиевски, Томе (1938-2004), apxeолог и научен советник. Основно и средно образование завршил во Битола. Динломирал на Филозофскиот факултет во Загреб на одделот за археологија во 1963 г. Во 1975 г. се стекнал со звање магистер по музеолошки науки. Во 1997 г. ја одбранил докторската теза под наслов „Античките театри и споменици со театарска тематика во РМ" и се здобил со звање доктор по археолошки науки. Во 1964 г. се вработил во Народниот музеј во Битола како археолог, кој во 1976 г. се спои со Завод, музеј и галерија Битола. Од 1968 до 1976 г. бил директор на оваа институција. Како истакнат стручњак по археологија раководел и учествувал во многу археолошки ископувања и истражувања и тоа: истражување и реконструкција на Римскиот театар Хераклеа, истражувања во РЕК, Кале, во село Стрежево и Цапарско поле; 1974,1977,1978 и 1987 г. Од 1999 г. се вработил во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Во 1998 г. објавен му е трудот „Антички театри и споменици со театарска тематика во Република Македонија". Во 2001 г. го издал и научниот труд „Доцноантичка микростанбена целина над театарот во Хераклеа Линкестис"како и книгата „Убигацијата на средновековна Битола" (од 7 до 14 век) издадена во 2003 година.
 
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

janakievski_tomeЈанакиевски, Томе (1938-2004), apxeолог и научен советник. Основно и средно образование завршил во Битола. Динломирал на Филозофскиот факултет во Загреб на одделот за археологија во 1963 г. Во 1975 г. се стекнал со звање магистер по музеолошки науки. Во 1997 г. ја одбранил докторската теза под наслов „Античките театри и споменици со театарска тематика во РМ" и се здобил со звање доктор по археолошки науки.

Повеќе...

ЈОСИФОВСКИ ЈОСИФ (актер)

Категорија: Личности (Famous persons)
ЈОСИФОВСКИ ЈОСИФ (актер)
Јосифовски, Јосиф (1927-2001), актер кој долги години беше носител на главниот репертоар на Народниот театар од Битола. Препознатлив по неговата маркантна фигура, со бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и со страста која провејуваше скоро низ сите ликови одиграни на штиците што живот значат.
Роден 1927г. во Велес. Во 1960г. станал член на колективот на Народниот театар - Битола. Тој беше еден од водечките актери на битолскиот ансамбал и долго време носител на репертоарот. Co својот раскошен и еруптивен талент одигрува повеќе насловни и водечки улоги. Неговата трансформација од лик во лик, со сериозноста кон пристапот, со свежината и чистотата ги постигнувал највисоките дострели во градењето на ликовите Клаудие во „Хамлет" од В. Шекспир (1966 и 1989), Франц во „Разбојници" од Ф. Шилер (1967), Јаго во „Отело"од В. Шекспир (1970), Сади во „Дундо Марое" од М. Држиќ (1972), Еротие во „Сомнително лице"од Б. Нушиќ (1978), Императорот во „Подземна република" од Јордан Плевнеш (1991), „Професионалец" од Д. Ковачевиќ (1990), дуодрамите „Партија реми" од Дин Ли Кобру (1986), „Виенско танго"оџ, П. Турини (1987) и др.
Импозантни партии дал и во филмовите „Пред дождот" и „Прашина". Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински" за животно дело.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
josifovski_josifЈосифовски, Јосиф (1927-2001), актер кој долги години беше носител на главниот репертоар на Народниот театар од Битола. Препознатлив по неговата маркантна фигура, со бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и со страста која провејуваше скоро низ сите ликови одиграни на штиците што живот значат.

Повеќе...

КАЛАУЗИ ЈОВАН (лекар)

Категорија: Личности (Famous persons)
КАЛАУЗИ ЈОВАН
( лекар )
Калаузи, Јован (1919-1989), примариус, д-р специјалист, интернист кардиолог, еден од основоположниците на интензивна нега и терапија при кардијални кризи во Р. Македонија. Се одликувал со голема стручност и хуманост.
Роден 1919 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование. Во 1949 г. дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград. Во 1950 г. во Битола ја започнал специјализацијата по интерна медицина, a ја завршил 1954 г. во Белград. За време на специјализацијата во Белград во исто време, т.е. во 1950 г. бил и на студиски престој во Институт за хематологија и трансфузиологија. Во тој период интензивно се бавел со клиничка хематологија, ја изучувал ревматичната треска и хроничниот ревматизам во Битола и Битолско. Во контекс на тие истражувања публикувал повеќе стручни трудови од тие области. Во 1951 г. во Битола ја формирал првата Станица за трансфузија на крв во внатрешноста на Македонија. Во 1959 г. специјализирал кардиологија во Париз. Неговите усовршувања во областа на електро и фонокардиографијата, како и во дијагностиката и терапијата на коронарната болест ги публикувал во повеќе негови трудови.
Од 1963 до 1978 г. ја обавувал функцијата началник на Интерното одделение и Службата за внатрешни заболувања.Д-р Калаузи бил голем ентузијаст и неговите пионерски зафати и интервенции дале видни резултати во намалувањето на процентот на смртноста при акутен инфаркт на миокардот АИМ. Од 1978 г. до неговото пензионирање во 1984 г. бил виш здравствен советник во Медицинскиот центар. Истовремено обавувал и бројни стручни и општествено-политички функции: два пати бил претседател на Лекарскиот актив во Битола, потпретседател на Интернистичката и Кардиолошката секција на МЛД - Скопје, претседател на Советот за народно здравје на Општина Битола, претседател на комисијата за трансфузија на крв при Околискиот одбор на Црвениот крст во Битола, член на Управниот одбор на ДНУ - Битола, главен и одговорен уредник на весникот на Медицинскиот центар „Трифун Пановски" - Битола, „Здравствена трибина" и др.
Бил редовен член на Југословенското кардиолошко друштво. Добитник е на голем број дипломи и благодарници од разни организации и асоцијации. Од 1966 г. како резултат на неговата стручност и хуманост, големиот број трудови е носител на звањето примариус. Во 1967 г. ја добил „4-то Ноемвриската награда" на градот Битола. Починал во 1989 г. во Битола, но останал вечно во сеќавањата на неговите колеги и многубројните благодарни пациенти.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
kalauzi_jovanКалаузи, Јован (1919-1989), примариус, д-р специјалист, интернист кардиолог, еден од основоположниците на интензивна нега и терапија при кардијални кризи во Р. Македонија. Се одликувал со голема стручност и хуманост.
Роден 1919 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование.

Повеќе...

КАМХИ РАФАЕЛ (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
КАМХИ РАФАЕЛ (револуционер)
Камхи, Рафаел M. (1870-1970), познат под псевдонимот војводата Скендербег, претставува значајна личност во македонското национално револуционерно движење, во кое оставил траги со активното учество и во организирањето и во борбените дејства на македонскиот народ, донатор за отворање училишта и снабдување со оружје на ТМОРО, помагал во сиропатилиштатата на сиромашни битолски незгрижени деца, познат интелектуалец. Тој бил македонски Евреин од Битола, виден деец на ВМРО, учесник на Основачкиот конгрес на ТМОРО во 1896 г., учесник во Солун и во прего-ворите за откуп на грабнатата мисионер-ка Мис Стон, учесник во Илинденското востание, во изработка на таен магацин со оружје во Битола за потребите на ВМРО (1894), одговорен за финансиите на Организацијата. Роден во Битола 1870 г. во битолско еврејско семејство. Се школувал во Еврејското училиште. ЦК на ТМОРО бил сместен во Солун во куќата на Рафаел Камхи. Во 1896 г. Р. Камхи учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во Солун, бил нејзин специјален курир и врска меѓу ЦК на Организацијата. Од турската власт бил откриен, гонет и затворен, но со поткуп бил ослободен и слободно се движел во Битолско, Ресенско, Костурско и др. места. Во време на Илинденското востание тој активно учествувал, наоѓајќи се во првите борбени редови. По востанието тој отишол во Бугарија и се сретнал со видни личности, меѓу кои и со принцот Фердинанд на кого му забележал поради мешање на Бугарија во македонското ослободување. Учествувал на Рилскиот конгрес на ВМРО (1905) каде се спротивставил на А. Протогеров и Т. Александров. За време на Балканските војни и Првата светска војна Камхи бил на страната на народот и организацијата. И во време на српското ропство тој се залагал за ослободување на Македонија. Започнала Втората светска војна и дошла бугарската окупација. Во 1943 г. Камхи бил затворен, а подоцна ослободен и преселен од Битола во Софија. Во 1950 г. заминал во Израел, каде останува до крајот на животот во Тел Авив, доживувајќи ја и својата 100-та година од животот. Починал во 1970 г. Своите спомени од богатиот револуционерен живот, неговата дружба и организираност заедно со Даме Груев, Гоце, Делчев, Ѓорче Петров и др. и неговите ракописи биле доставени во ИНИ-Скопје. За него била важна девизата: „Слободата мора да биде дело на целиот поробен народ". Напишал книга Спомени, изворни кажувања и документи (објавени во Софија во 2000 г.).
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
kamhi_rafaelКамхи, Рафаел M. (1870-1970), познат под псевдонимот војводата Скендербег, претставува значајна личност во македонското национално револуционерно движење, во кое оставил траги со активното учество и во организирањето и во борбените дејства на македонскиот народ, донатор за отворање училишта и снабдување со оружје на ТМОРО, помагал во сиропатилиштатата на сиромашни битолски незгрижени деца, познат интелектуалец.

Повеќе...

КАНИНСКИ НИКОЛА - КОЛЕ (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
КАНИНСКИ НИКОЛА - КОЛЕ (револуционер)
Канински, Никола- Коле (1914-1944), маркантна фигура во револуционерната историја на македонскиот народ. По професија - правник. Своето средно школско образование го завршил во Битолската гимназија. Во октомври 1933 г. заминал на студии на Правниот факултет во Белград. Токму таму Канински стекнал сознанија за марксистичкото учење, за Француската револуција и Париската комуна. Истовремено интензивно се интересирал за историјата на македонскиот народ и македонскиот јазик и во него се разбудило длабоко национално чувство. Член на КПЈ станал во 1936 г. По дипломирањето во 1938 г. се вратил во Битола и почнал да се истакнува како организатор и раководител на НОД. Поради својата револуционерна дејност неколкупати бил затворан од бугарската полиција. На 6. IX 1942 г. се приклучил кон партизанските единици. Тој го организирал и станал командант на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев". Бил именуван за политички комесар на Првата македонска бригада на HOB на Македонија, избран бил за делегат на Второто заседание на АВНОЈ како и на АСНОМ. Загинал како политички комесар во Првата Македон-ско - Косовска бригада, при експлозија на мина на 22. јули 1944 година во село Брунец, кај Караорман.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
kaninski_koleКанински, Никола- Коле (1914-1944), маркантна фигура во револуционерната историја на македонскиот народ. По професија - правник. Своето средно школско образование го завршил во Битолската гимназија. Во октомври 1933 г. заминал на студии на Правниот факултет во Белград.

Повеќе...

КАРАМАНДИ ЕЛПИДА - НАДА (народен xepoj)

Категорија: Личности (Famous persons)
КАРАМАНДИ ЕЛПИДА - НАДА (народен xepoj)
Караманди, Елпида - Нада (1920-1942), македонска револуционерка, народен херој. Во Битола Елпида ги поминала детските години во голема сиромаштија. Есента 1939 г. заминала на студии во Белград. За време на студиите таа се приклучила кон напредната младина на Белградскиот универзитет и станала член на СКОЈ како деветнаесетгодишна девојка. По окупацијата, под непосредно раководство на Стив Наумов, станала една од најистакнатите организатори на НОБ во Битола, особено меѓу жените и младината. Во 1941 г. таа станала член на КПЈ. Оттогаш уште позасилено ја ширела идејата за бескомпромисна борба против окупаторот. Поради својата активност била уапсена од бугарската полиција, но и покрај ѕверските мачења на кои била подложена, окупаторските полицајци не извлекле ништо од неа. Била ослободена во недостиг на докази. По излегувањето од затвор Елпида се префрлила во илегала. Пролетта, во април 1942 г. била меѓу првите борци на штотуку формираниот Партизански одред „Пелистер". На 3. V 1942 г. во борбата на опколениот одред над селото Лавци, битолско, таа била тешко ранета, заробена и по долго мачење стрелана. За народен xepoj е прогласена на 6. октомври 1951 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
karamandi_elpidaКараманди, Елпида - Нада (1920-1942), македонска револуционерка, народен херој. Во Битола Елпида ги поминала детските години во голема сиромаштија. Есента 1939 г. заминала на студии во Белград.

Повеќе...

КАРАНГЕЛЕВСКИ BACKO (народен xepoj)

Категорија: Личности (Famous persons)
КАРАНГЕЛЕВСКИ BACKO (народен xepoj)
Карангелевски, Васко (1921-1977), македонски воин, генерал-полковник, народен херој. Потекнува од битолското село Брусник, каде многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ. Co формирањето на првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 г. Карангелевски веднаш се вклучил во него. Одредот најпрво изведувал помали диверзантски акции, снабдувајќи се на тој начин со оружје и муниција. Истакнувајќи се со своите активности Карангелевски станал командир на чета. Зимата 1943 г. со баталјонот „Стив Наумов" учествувал во акциите од Егејска Македонија до Козјак. Во февруари 1944 г. се формирала Третата ударна бригада. Во неа тој бил командант на баталјон. Co завршувањето на пролетната офанзива значително се зголемила слободната територија во Македонија. Од Третата ударна бригада се одделил еден баталјон кој заминал во Источна Македонија. Наскоро на тој терен се формирала Четвртата бригада, a В. Карангелевски станал заменик командант. Подоцна истата должност ја вршел и во Петтата и во Седмата MHO бригада. Ослободувањето на Македонија го затекнало на должноста командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија. По ослободувањето вршел одговорни должности во ЈНА. Се до неговата трагична смрт во 1977 г. тој бил командант на Скопската воена област со чин генерал-полковник.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
karangelevski_vaskoКарангелевски, Васко (1921-1977), македонски воин, генерал-полковник, народен херој. Потекнува од битолското село Брусник, каде многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ. Co формирањето на првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 г. Карангелевски веднаш се вклучил во него.

Повеќе...

КЛИМЕНТ (митрополит)

Категорија: Личности (Famous persons)
КЛИМЕНТ (митрополит)
Климент, митрополит - Никола Трајков (1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на МПЦ и втор македонски архијереј; потписник на соборската Одлука од 1967 г. за обнова на афтокефалниот статус на МПЦ. Митрополитот Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на МПЦ се викал Никола Трајков. Роден бил на 3. VIII 1912 г. во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а студиите на Правниот факултет во Белград и Софија. Тој бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот. Во својата долгогодишна просветна дејност успеал на своите ученици, од кои многумина биле на високи места во тогашната државна администрација, културата и просветата, со многу љубов да им ја доближи историјата на македонскиот народ бидејќи отпрво работел како професор во гимназијата во Битола, потоа како референт во Историскиот архив во Битола и судија во Народниот суд во Општина Битола. Зачудувал со неговата меморија и неговото енциклопедиско знаење за низа најситни подробности, не само од познатите историски настани, туку и од историјата на одделни семејни родослови и историското минато на одделни населени места во нашата земја.
Митрополитот Климент бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот. Се истакнал како активист за обнова на МПЦ. Бил прв митрополит преспанско-пелагониски и прв архиереј, хиротонисан во МПЦ по нејзиното укинување во 1767 г. Во 1958 г. бил замонашен во Св. Богородица Побожје, Скопско. Бил ракоположен за ероѓакон и свештенојереј во Св. Мина, Скопје. Во Битола во храмот Св. Димитриј е произведен за архимандрит, а на 19. VI 1959 во Св. Мина бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј и епископот бачки Никанор. Во 1959 г. во Штип заедно со архиепископот Доситеј го хиротонисуваат архимандритот Наум и формираат Свет архијерејски синод на обновената МПЦ. По долго боледување, во 1979 г. Климент се упокоил во Битола.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
mitropolit_klimentКлимент, митрополит - Никола Трајков (1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на МПЦ и втор македонски архијереј; потписник на соборската Одлука од 1967 г. за обнова на афтокефалниот статус на МПЦ.

Повеќе...

КОСТОВ КИРЕ (композитор)

Категорија: Личности (Famous persons)
КОСТОВ КИРЕ (композитор)
Костов, Кире (1949), македонски композитор, инструменталист и диригент. Роден во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно - забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 г. бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радио-телевизија Скопје, а од 1988 г. до денес и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како композитор - „Летај галебе", „Кога те нема", „Твоите очи сине", „Синот божји", „Тајно моја", „Илузија" и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до" кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 г. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на MPT, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
kostov_kireКостов, Кире (1949), македонски композитор, инструменталист и диригент. Роден во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно - забавното живеење на Битола.

Повеќе...

МАКЕДОНСКИ КИРИЛ (композитор)

Категорија: Личности (Famous persons)
МАКЕДОНСКИ КИРИЛ (композитор)
Македонски, Кирил (1925-1984), вистинското презиме Вангелов, македонски композитор, еден од поистакнатите претставници на втората генерација македонски композитори. По наговор на татко му, а заради својот музички талент, на 11 години почнал да учи да свири виолина. По завршувањето на основното и средно училиште, во 1947 г. се запишал на музичка академија во Загреб во класата на Крсто Одак, потоа во Сараево во класата на Иво Бркановиќ. Магистрирал од областа на композицијата во Љубљана кај композиторот Луцијан Шкерјани. Во 1970 г. шест месеци престојувал во Варшава како стипендист на полската влада, а во 1974 г. го завршил Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат. Паралелно со компонирањето се занимавал со педагошка дејност, а особено акцент во последните години од животот им дава на истражувањата од областа на музичката психологија, поконкретно - музикотерапијата. Голем дел од неговите сознанија во вид на реферати се претставени, претежно пред странската јавност за што има добиено меѓународни признанија. Автор е на првата македонска опера „Гоце" (во четири дејствија, 1954) со големо историско значење за македонската музика и претставува крупен исчекор во освојувањето на најголемите музички форми од страна на нашите автори. Таа, и покрај се извира од нашиот бит, се потпира на народниот мелос и на сцената оживува дел од нашето историско минато. К. Македонски е автор уште на две други музички дела: „Цар Самуил" - опера (1968), во која ги достигнал своите творечки врвови, и со нејзината прва изведба предизвикал позитивни реакции и „Илинден" (1973), со што го заокружил својот оперски опус и својот перманентен интерес за теми од македонската национална историја. Тој е еден од првите македонски симфоничари-симфониската  поема  „Танчарка" (1951). Подоцна напишал уште пет симфонии (1956/78) и низа други композиции што припаѓаат на различни видови - камерни (повеќе од десет), хорски (дваесетина), детски песни, филмска музика (за десетина краткометражни  и за три долгометражни филмови), музика за (десетина) драмски претстави. Преокупиран со идејата за создавање македонски национален стил, заснован врз карактеристиките на народниот мелос и врз неговата синтеза со музичко-техничките дострели на музиката во XX век. Добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
makedonski_kirilМакедонски, Кирил (1925-1984), вистинското презиме Вангелов, македонски композитор, еден од поистакнатите претставници на втората генерација македонски композитори. По наговор на татко му, а заради својот музички талент, на 11 години почнал да учи да свири виолина.

Повеќе...

МАНАКИ ЈАНАКИ (фотограф)

Категорија: Личности (Famous persons)
МАНАКИ ЈАНАКИ (фотограф)
Манаки, Јанаки (1878-1960), македонски филмски снимател, фотограф и калиграф. По завршувањето на основното училиште се запишал во Романската гимназија во Битола и оттогаш тој го засакал овој град. Co оформувањето на средното образование на Јанаки му било овозможено да се вработи како просветен работник. Првиот професионален ангажман со уметноста на фотографијата го имал во 1898 г. кога во Јанина отворил фотографско ателје. Во 1904 г. браќата Манаки по низа преговори успеале да купат празно дворно место во Битола на Широк Сокак. Веднаш потоа се зафатиле со изградба на ателјето, според сопствен проект, што им овозможувал непречено вршење на фотографската дејност. Во 1905 г. Јанаки се преселил во Битола и се определил за постојано живеење во неа, каде, заедно со брата си, отвориле свое фотографско ателје. Пред надлежните органи тие го регистрирале како здру-жени сопственици, за разлика од Јанина каде ателјето се водело само на Јанаки. Во таа и таква Битола, Јанаки ја започнал својата пионерска активност. Јанаки имал префинета смисла и осет за пулсот на големиот град, за умирањето на старото и за раѓањето на новото време, или накусо кажано, имал чувство и слух за историјата. При патувањето низ европските престолнини, во 1905 г., од Лондон, му ја пратил на брата си камерата „Биоскоп 300", која во рацете на младиот ентузијаст се претворила во инструмент со историска вредност. Од тој момент почнала историјата на филмот на целиот Балкан. Иако уметник по вокација, тој бил изложен на прогонства од страна на турските власти поради активности од политичка природа, а не изостанало ни апсење, што во 1916 г. го извршиле бугарските окупаторски власти. Во 1921 г. Јанаки со братот отвориле модерна киносала во Битола и била прикажана првата претстава во новооснованото Кино „Манаки" (во т.н. летно кино). Познавајќи го добро францускиот јазик, а движејќи се во културните кругови, Јанаки за кусо време во Битола ја афирмирал фотографска работа, така што браќата се здобиле со муштерии во сите слоеви на битолското општество, вклучувајќи ги и дипломатите. Делото на Јанаки Манаки, без двоумење ќе кажеме дека е од непроценлив придонес за нашата национална историја и култура, за културата и историјата на балканските народи и за културната ризница на светот воопшто.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
manaki_janakiМанаки, Јанаки (1878-1960), македонски филмски снимател, фотограф и калиграф. По завршувањето на основното училиште се запишал во Романската гимназија во Битола и оттогаш тој го засакал овој град.

Повеќе...

МАНАКИ МИЛТОН (снимател)

Категорија: Личности (Famous persons)
МАНАКИ МИЛТОН (снимател)
Манаки, Милтон (1882-1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Основно училиште завршил во родното место, а потоа се запишал во први клас на Романската гимназија во Јанина, меѓутоа не се потрудил да ја заврши гимназијата и ја напуштил со незавршен втори клас. Потоа бил испратен во Гревена да учи занает, но Милтон не покажал никаков интерес кон некој занает. Во 1898 г. брат му Јанаки го повлекол во Јанина, во своето ателје, каде Милтон се зафатил со изучување на фотографската вештина и со неуморен труд, за неверојатно кратко време, станал мајстор. Веќе во 1905 г. ги снимил документарците кои влегуваат во историјата на филмот: „Предачки", и „Училишен час на отворено". Во првиот од нив е овековечена неговата 114-годишна баба Деспина, која, заедно со група предачки, снова основа за преѓа. Напоредно ја усовршувал уметноста на фотографијата, која му донела големи меѓународни признанија. Меѓу најзначајните од нив е учеството на Големата мегународна изложба во Букурешт во 1906 г., од каде што се вратил со Златен медал и со титулата Дворски фотограф на кралот на Романија Карол I. Тој снимил многу фотографии врзани за актуелни настани, историски личности, обичаи,со што неговата колекција има голема вредност и зазема своевидно место во балканската кинематографија и претставува скапоцен дел од светското филмско наследство. Историска важност имаат филмските записи направени во времето на Младотурската револуција. На овие драматични фрагменти се надоврзуваат и сликите на репресиите што отоманските власти ги вршеле врз македонското голорако население. Во филмовите: Решад V во Солун и во Битола (1911) и Александар Карагорѓевиќ во Битола (1913) се претставува како познавач на жанровата структура на репортажата, чии страници се важечки и за современиот документарен филм. Мошне атрактивни по својата содржина и иконографска вредност се сцените од монденските средби на дипломатскиот кор во Битола, но и глетките на погубувањето на македонските комити и патриоти. Други позначајни дела во неговиот опус, кој изнесува околу 1.500 м филмска лента, се бомбардирањето на Битола (1940), повлекувањето на окупаторските единици од Битола (1944), го регистрирал доаѓањето на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, при неговата прва посета на градот (1957) и др. Co неговото живеење во Битола се врзани голем број анегдоти, зошто тој бил многу весел, пријатен, речит, знаел многу убаво да раскажува анегдоти и слики од неговиот бурен живот и општо од Битола. Милтон Манаки умеел да гледа подалеку и да го чувствува историскиот миг и историската потреба да се сочуваат непроценливите документи за животот на нашиот град и на нашата земја во најсудбоносните денови од својата национална историја.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
manaki_miltonМанаки, Милтон (1882-1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Основно училиште завршил во родното место, а потоа се запишал во први клас на Романската гимназија во Јанина, меѓутоа не се потрудил да ја заврши гимназијата и ја напуштил со незавршен втори клас.

Повеќе...

МИСИРКОВ КРСТЕ П. (идеолог)

Категорија: Личности (Famous persons)
МИСИРКОВ КРСТЕ П. (идеолог)
Мисирков, Крсте П. (1874-1926), македонски национален и просветен деец, најзначаен македонски интелектуалец од крајот на XIX и почетокот на XX век, општественик, политички работник, визионерски мислител, теоретичар и историчар. Тој е еден од најистакнатите идеолози на македонскиот национален идентитет, полемичар, публицист, апологет на македонската национална самобитност и длабоко промислен аналитичар на нејзините севкупни состојби, еден од најистакнатите идеолози на македонскиот национален идентитет. Мисирков е најзначајниот и најкомплетниот македонски славист - филолог и кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис. Роден е 1874 г. во с. Постол Ениџе-Вардарско. Како ученик во Софија бил еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина (1891). Од 1892 - 1895 г. завршил учителска школа во Белград во времето кога тој заедно со другите средношколци од Македонија, во 1893 г., основаат ученичка дружина под името „Вардар". Две години учел Духовна семинарија во Полтава. Есента 1897 г. се запишал на Историско-филозофски факултет во С. Петербург кого ќе го заврши со одличен успех пролетта 1902 г. Заедно со Д. Чуповски е еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) „Св.  Климент"  (1903-1905)  во  Санкт Петербург. Bo октомври 1902 г. заминал за Битола, со голема желба да биде во Македонија за да ги следи настаните во пред-илинденскиот период. Од 1. XII 1903 до крајот на јули 1903 г. Мисирков бил редовен гимназиски професор во Битола. Веднаш по пристигнувањето бил ангажиран за професор по филологија во Битолската гимназија. Истовремено во Битола пристигнал и Д. Т. Мишајков и заедно обајцата започнале да планираат печатење на учебници на мајчин македонски јазик (за изработка на македонска граматика од страна на Мисирков) што би се печатела со средствата добиени од Австрија. Мисирков будно ги следел настаните од револуционерното движење на македонскиот народ за ослободување од Отоманското ропство и, истовремено испраќал значајни писма до истакнати личности во Русија, информирајќи за тешката, но истовремено и револуционерна состојба во Битолскиот регион. Исклучиво само таа година бил во Македонија и тоа токму во Битола каде се запознал со одликите на македонскиот јазик. За него Битола претставувала културен, борбен, политички и севкупен центар во тогашната Румелија на Турската Империја. Мисирков, доаѓајќи во Битола, се зближил со рускиот конзул A. А. Ростковски, со кого веќе се познавал од Санкт Петербург. Воедно редовно комуницирал со раководството на ТМОРО, особено со Панче Дорев, Даме Груев и др. македонски револуционерни дејци. При престојот во Битола тој се движел низ народот, ги посетувал битолските села и правел белешки од средби со народот, со дипломатскиот кор, со организаторите на востанието. Во Битола се дружел co учителскиот кадар, co членови од дипломатскиот кор. Меѓу другите информатори (П. Дорев и др.) и Мисирков ги информирал новинарите - дописници на странските весници за состојбата на македонскиот поробен народ. По убиството на рускиот конзул A. А. Ростковски Мисирков заминал за Одеса. Кон средината на декември 1903 г. во Софија ја објавил книгата „За македонцките работи". Веднаш по објавувањето на книгата се создала голема реакција од бугарската интелегенција и власт и тој, приморан, заминал за Одеса каде започнал да го издава првото научно-литературно и политичко списание на македонски јазик, весникот „Вардар". Во 1914 г. поднел опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи во кој ја изнел историјата на „Македонското прашање" и укажал на неопходноста да се има превид дека мнозинското население во Македонија по националност е еднородно и тоа се Словенските Македонци. Починал 1926 г. во Софија.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
misirkov_krste_pМисирков, Крсте П. (1874-1926), македонски национален и просветен деец, најзначаен македонски интелектуалец од крајот на XIX и почетокот на XX век, општественик, политички работник, визионерски мислител, теоретичар и историчар.

Повеќе...

МИТРОПОЛИТ ГРИГОРИЈ (патријарх)

Категорија: Личности (Famous persons)
МИТРОПОЛИТ ГРИГОРИЈ (патријарх)
Митрополит Григориј (1825-1833), Битолски Пелагониски митрополит, градител на храмот Св. Димитриј во Битола; ја проширил црковната болница за сиромаси, бранител на христијанското население, добротвор и заштитник на христијанските жители на Пелагонискиот крај. Тој бил човек што ги зближувал граѓаните во Битола различни по вероисповест и по социјална структура, голем заштитник на сиромасите, бездомниците, инвалидите, сираците. Co обнова и проширување на црковната болница се грижел за нивното здравје. Бил организатор на црковни училишта во кои се школувале свештеници и ученици на народен јазик, човек кој последните години ги минал на највисоката ортодоксна функција - цариградски патријарх, на кој трон го затекнала смртта. Секогаш се борел за слободата и правата на македонскиот народ, верно и служел на Христовата вера и со негов благослов, додека бил на патријаршискиот трон непречено се граделе и возобновувале многу христијански храмови (цркви и манастири) низ Македонија. На 14. X 1825 божјо лето за нов битолски митрополит бил избран токму митрополитот Григориј. Доаѓајќи во Битола, новиот митрополит Григориј донесол и султанов берат (повелба) во кој, покрај другото, пишувало дека никој нема право на христијаните „да му ги одзема црквите и манастирите, кои уште одамна се наоѓаат во нивните раце, а исто така и без дозвола никој не смее да врши контрола врз нив". Се претпоставува дека потекнувал од Битола или битолскиот крај. Во Битола за митрополит дошол од Цариград и лично се ангажирал во изградбата на највелелепниот храм за многу децении и векови во Битола - „Св. Димитрија". Веднаш по добивање на дозволата Григориј се зафатил и во рекордно време го изградил храмот „Св. Димитрија". Во 1833 г. патријарх Григориј, по осумгодишната архиерејската служба (1825 - 1833) свечено ја напу-штил архиерејската столица и по наредба од цариградскиот патријарх заминал за Серес, а оттаму заминал за Цариград, преземајќи ја должноста патријарх се до неговото блажено упокоение.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
mitropolit_grigorijМитрополит Григориј (1825-1833), Битолски Пелагониски митрополит, градител на храмот Св. Димитриј во Битола; ја проширил црковната болница за сиромаси, бранител на христијанското население, добротвор и заштитник на христијанските жители на Пелагонискиот крај.

Повеќе...

НАУМОВ СТЕВАН - СТИВ (народен херој)

Категорија: Личности (Famous persons)
НАУМОВ СТЕВАН - СТИВ (народен херој)
Наумов, Стеван - Стив (1920-1942), македонски револуционер, народен херој, еден од организаторите на НОБ во Македонија. За народен херој прогласен на 29 јули 1945 г. Уште како ученик во Битолската гимназија, Стив Наумов бил во редовите на напредната младина. Co неговото заминување на студии во Белград, се продлабочува неговата револуционерна активност и тој станал еден од најактивните во движењето на напредната студентска младина. Поради тоа бил затворен, но поради немање на докази бил ослободен. По излегувањето од затвор се вратил во Битола, каде со уште поголема жести-на продолжил да работи во ширење на антифашистичката идеологија, особено меѓу работниците и младината. Веднаш по окупацијата тој се префрлил во иле-галност. Во 1940 г. Стив Наумов станал секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола. Во април 1942 г. учествувал во формирањето на битолскиот НОПО „Пелистер". Истата година, поради неговите активности, во отсуство бил осуден на смрт, а неговата глава уценета со 200.000 лева. Во јуни 1942 г. станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија на КПЈ за Македонија. Есента, 1942 г. заминал на партиска задача во Преспа каде на 12 септември 1942 г. загинал.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
naumov_stevan_stivНаумов, Стеван - Стив (1920-1942), македонски револуционер, народен херој, еден од организаторите на НОБ во Македонија. За народен херој прогласен на 29 јули 1945 г. Уште како ученик во Битолската гимназија, Стив Наумов бил во редовите на напредната младина.

Повеќе...

НЕКТАРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ (мисионер)

Категорија: Личности (Famous persons)
НЕКТАРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ (мисионер)
Нектариј Пелагониски, XVI век, прв битолски печатар од XVI век, роден бил во Битола (која во тоа време уште се именувала и како Пелагонија) или можеби во Битолско во последните децении на XVI век. Заминал во Света Гора и се замонашил добивајќи го монашкото име Нектариј. Во Света Гора Нектариј станал член на големото калуѓеричко братство на познатиот Зографски манастир каде што станува еромонах. Во времето кога бил Нектариј во Света Гора, (почетокот на XVII в.) се отворила печатница и некои од калуѓерите се определиле да го изучуваат печатарскиот занает. Меѓу нив бил и Мелетие Македонски. За Нектариј нема точен податок во вклученоста во печатарската дејност, но се знае дека стекнал знаења од печатарството и успешно ја обавувал таа дејност уште во Света Гора. Во групата монаси од Зографскиот манастир (Света Гора) што отишле во Русија како печатари биле: Нектариј Пелагониски и Стефан Охридски. Стигнале прво во Литванското кнежевство, кое било во состав на царска Русија, оттаму отишле во Романија каде ја оформиле првата романска печатница, а потоа отишле во Киев. По неколку месечен престој во Киев, снабдени со пет видови печатарски букви и со познавања од печатарската техника се вратиле во Романија, каде напечатиле вкупно 12 богослужбени книги на словенски и романски јазик, a co словенски букви. Покрај „Молитвеникот", позначајни печатени книги им се: „Номоканон" („Правила за светите апостоли"), „Неделно евангелие", „Антологион", „Богородичен параклис", „Учение за сите дни" итн. Нектариј Пелагониски, заедно со другите македонски печатари нуделе современи печатарски решенија. Текстовите во книгите биле печатени со пет видови букви и страниците збогатени со разновидни иницијали, ликови од фауната и делови од флората, како на пр. илустрирани цртежи со: пауни, лебеди, орли, коњи, елени, ко-зи, срни, како и луѓе, најчесто духовници во двопојасна. Македонската печатница во Романија (така ја именувале основачите Нектариј, Стефан и Мелетиј), ја прифатила украинската печатарска традиција, а тоа знечело европската техника. Така, тројцата македонски печатари (Нектариј Битолски, Мелетиј Македонски, Стефан Охридски) станале смели иноватори во печатарството на балканските простори и пошироко, со што претставувале и значајни имиња во печатарството. Н. Пелагониски секогаш се чувствувал битолски (пелагониски) печатар.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Нектариј Пелагониски, XVI век, прв битолски печатар од XVI век, роден бил во Битола (која во тоа време уште се именувала и како Пелагонија) или можеби во Битолско во последните децении на XVI век. Заминал во Света Гора и се замонашил добивајќи го монашкото име Нектариј.

Повеќе...

НЕЧЕВСКИ ВАНГЕЛ - ТУНЕЛО (народен херој)

Категорија: Личности (Famous persons)
НЕЧЕВСКИ ВАНГЕЛ - ТУНЕЛО (народен херој)
Нечевски, Вангел - Тунелот (1922-2006), македонски партизан и општественик, народен херој. Неговата целосна определеност на страната на револуцијата го потврдил со вклучувањето во СКОЈ. По фашистичката окупација, веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности. Во почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во родната Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4. јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред „Даме Груев", кој подолго време успешно дејствувал во битолско, преспанско и кичевско. Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија. Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 г. одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлувајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија. По Војната вршел политички и државни должности во Битола и во Република Македонија. За народен xepoj е прогласен на 20 декември 1951 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
necevski_vangel_tuneloНечевски, Вангел - Тунелот (1922-2006), македонски партизан и општественик, народен херој. Неговата целосна определеност на страната на револуцијата го потврдил со вклучувањето во СКОЈ.

Повеќе...

ОВАДИЈА ЕСТРЕЈА - МАРА (народен херој)

Категорија: Личности (Famous persons)
ОВАДИЈА ЕСТРЕЈА - МАРА (народен херој)
Овадија, Естреја - Мара (1922-1944), битолска Еврејка, работничка. Многу рано се вклучила кон напредното работничко движење. Веќе во 1938 г. била еден од најактивните членови во организациите на напредната младина во својот роден град, Битола. Особено била активна во еврејските напредни младински организации. Нејзината револуционерна активност се засилила за време на нејзиното тригодишно престојување во Белград, каде била на работа. За тоа време се запознала со повеќе напредни луѓе, станала член на СКОЈ и учествувала во Мартовските демонстрации. Особено била популарна меѓу еврејската младина. Во 1942 г. станала член на КПЈ. Во април 1943 г. во партизанскиот одред „Гоце Делчев", започнал партизанскиот живот на Естреја Овадија. Од одредот „Гоце Делчев" се префрлила во одредот „Даме Груев" кој водел тешки борби со италијанскиот окупатор во околината на Преспанското Езеро. Учествувала во многу напорниот Февруарски поход. По завршувањето на февруарските движења на единиците, била формирана Третата македонска ударна бригада, а Естреја Овадија била поставена за заменик политички комесар на чета. Co формирањето на Седмата македонска бригада била поставена за политички комесар на батаљон. Загинала во 1944 г. За народен херој е прогласена на 11 октомври 1953 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
ovadija_estreja_maraОвадија, Естреја - Мара (1922-1944), битолска Еврејка, работничка. Многу рано се вклучила кон напредното работничко движење. Веќе во 1938 г. била еден од најактивните членови во организациите на напредната младина во својот роден град, Битола.

Повеќе...

ПАНОВСКИ ТРИФУН (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
ПАНОВСКИ ТРИФУН (револуционер)
Пановски, Трифун, (1912-1944), првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет. Роден 1912 г. во с. Буф, Леринско, Егејска Македонија, во печалбарско семејство. Основно училиште завршил во родното место. Потоа со родителите се преселил во Битола, каде завршил Гимназија во учебната 1933/34 г. Се запишал на Медицинскиот факултет во Белград. Уште за време на студентските денови влегол во напредното студентско движење. По дипломирањето се вработил како лекар во Ниш, но набрзо, веднаш по окупацијата, се вратил во Битола и се приклучил во НОБ. Во 1941 г. станал член на КПЈ, а во 1942 г., за време на априлската провала Т. Пановски бил затворен од бугарската окупаторска полиција. Во недостаток на сигурни сведоштва бил ослободен од обвинувањата. Во текот на 1943 г. бил интерниран во Бугарија и мобилизиран како лекар во бугарската армија, од каде успеал да избега и да им се приклучи на партизаните (1944). Во партизанските редови работел прво како главен лекар во партизанските болници на Кожуф планина, а потоа како лекар во Првата македонско-косовска бригада и на крај во Првата македонска бригада (во Дебарца и Караорман). Ce одликувал co храброст и пожртвуваност, спремен да им помогне на ранетите борци во првите борбени редови. Заради неговата несебичност бил почитуван и сакан од сите борци.
Д-р Трифун Пановски работел во партизанската болница што ја формирал и организирал кај с. Песочани и Ехловец, во подножјето на славниот Караорман и Славеј. Во оваа болница се лекувале тешко ранетите борци, а полесно ранетите, под негов стручен надзор се лекувале во своите единици.
На 22 јуни 1944 г. партизанското движење претрпело голема загуба. Во близина на селото Буринец (Дебарца) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци - партизани. Иако и самиот бил тешко ранет д-р. Трифун Пановски им помагал на останатите повредени, се додека сите не им подлегнале на раните.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
panovski_trifunПановски, Трифун, (1912-1944), првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет.

Повеќе...

ПЕТРОВСКИ ПАНДЕ (генерал)

Категорија: Личности (Famous persons)
ПЕТРОВСКИ ПАНДЕ (генерал)
Петровски, Панде (1943-2006), генерал, командант на првите македонски одбранбени сили по осамостојувањето на РМ, командант на борбените македонски сили во конфликтот во 2001 г. меѓу македонската војска со албанските терористички групи и припадниците на т.н. „Она". Роден 1943 г. во с Живојно, Битолско. По завршувањето на средното образование во Битола ја завршил Воената академија во Белград. Службувал на многу места во ЈНА во поранешна Југославија (Загреб, Бања Лука и др.). Најпосле, по осамостојување на РМ се вратил во Скопје и во 1990 г. бил поставен за помошник на командантот на 3. Армиска област. Во март 1992 г. бил поставен за командант на 2. Армиски корпус во Битола и истиот го формирал во составот на Армијата на РМ. Во 1996 г. бил поставен за началник за борбена готовност на АРМ во Скопје. Во 2001 г. бил началник на ГШ на АРМ и раководел со единиците на Македонската армија во борбите против терористичките албански банди. Во 2001 г. бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Почина 2006 г. во родното село Живојно Битолско. За борбените дејства во 2001 г. П. Петровски ја напиша книгата „Сведоштва 2001" (2006 во Битола).
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Petrovski_PandeПетровски, Панде (1943-2006), генерал, командант на првите македонски одбранбени сили по осамостојувањето на РМ, командант на борбените македонски сили во конфликтот во 2001 г. меѓу македонската војска со албанските терористички групи и припадниците на т.н. „Она".

Повеќе...

ПОП ХРИСТОВ ЃОРЃИ (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
ПОП ХРИСТОВ ЃОРЃИ (револуционер)
Поп Христов, Ѓорѓи – Крстоарецот (1878-1952), македонски револуционер, член и раководител во ВМРО, еден од истакнатите раководители на Битолскиот револуционерен округ; просветен и револуционерен деец и борец; член на ТМОРО и нејзин агитатор; учесник на Смилевскиот конгрес како претставник од Битола. Роден во с. Крстоар, Битолско. Се школувал во Битола и Солун. Завршил педагошки курс на солунската егзархиска гимназија. Бил учител во Кавадарци, Прилеп, Битола и на други места, а поставен за училишен инспектор во Леринско. Потоа како учител продолжил да работи во селото Варош, до Прилеп. Во почетокот на 1900 г. бил избран за член на Окружниот комитет на ТМОРО во Битола. Како член на Битолскиот револуционерен комитет (1900-1903), ја обавувал и секретарската дејност во месното архиерејско намесништво на самиот битолски округ. По една провала, што настанала зимата 1902 г. во Битолско, бил уапсен од турската власт, осуден на смрт, но по една година амнестиран, одлежувајќи 8-месечен затвор во Битола. По повик од Дамјан Груев станал учител во Основното училиште во Битола. Во зимата 1900-1901 учествувал во формирањето на повеќе чети во Леринско, Костурско, Демирхисарско, Крушевско, Ресенско. На 12 II 1902 г. бил уапсен и осуден на смрт. Амнестиран бил на 22 II 1903 г. Даме Груев многу ги почитувал советите на Поп Христов, сметајќи го за искусен организатор и доследен пријател. Во подготовките за Илинденското востание бил назначен како началник во Леринско. На Конгресот, Лазар Поп-Трајков (1870-1903) - познат револуционер и поет, Петар Ацев и Ѓорѓи Поп Христов биле избрани за заменици на членовите на Главниот штаб. За време на востанието Георги Поп Христов се наоѓал во првите борбени редови во Леринско. Активно делувал во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 г. учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 учествувал на Рилскиот конгрес. По Младотурската револуција од 1908 г. станал учител во Битола. Две години подоцна (1910) младотурските власти го уапсиле и го лишиле од слобода, испраќајќи го на заточение во Мала Азија, од каде во 1911 г. успеал да побегне. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија. Во 1925 г. станал член на ЦК на ВМРО. Од 1928 г. бил еден од раководителите на протогеровистичката струја на ВМРО. Во 1931 г. се повлекол од активната дејност во ВМРО. Починал 1962 г. во Софија. Бугарија. Напишал „Спомени" во кои во детали ја открил историјата од тоа време, посебно активностите на ВМРО.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
PopHristov_GeorgiПоп Христов, Ѓорѓи – Крстоарецот (1878-1952), македонски револуционер, член и раководител во ВМРО, еден од истакнатите раководители на Битолскиот револуционерен округ; просветен и револуционерен деец и борец; член на ТМОРО и нејзин агитатор;

Повеќе...

СТРУМЕНИКОВСКИ РАНКО (ликовен уметник)

Категорија: Личности (Famous persons)
СТРУМЕНИКОВСКИ РАНКО (ликовен уметник)
Струмениковски, Ранко (1936-2000), ликовен уметник, чие творештвото зазема своевидно место во македонската графичка уметност. Бил активен учесник и еден од креаторите на графичката триенална манифестација од 1968 г. по која Битола го добива својот специфичен културен белег „град на графиката". Роден е 1936 г. во Преспа. Завршил Академија за применета уметност 1963 г. во Белград. По враќањето во Битола, успешно почнал да го трасира неговиот креативен пат со учество на престижни графички манифестации во тогашните југословенски простори. За одбележување се над 20 самостојни ликовни изложби низ РМ како и во Крањ. Билефелд, Приморско, Благоевград, Подгорица, додека неговото учество на колективни графички манифестации, во Ферара, Суботица, Белград, Титоград,... е многу повеќе забележано особено од ликовната критика која високо ги вреднува неговите графички креации. Посебна заслуга претставуваат бројните заштитни знаци на повеќе институции и фабрики низ Битола, како и неговото учество во одредување на физиономијата на Уметничката галерија од 1964 г. Бил член на МНД од Битола, ДЛУМ, ДЛУПУМ, ДЛУБ И ДЛУК. Добитник на повеќе награди, пофалници и признанија од кои се издвојува наградата „4-ти Ноември" на градот Битола.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
strumenikovski_rankoСтрумениковски, Ранко (1936-2000), ликовен уметник, чие творештвото зазема своевидно место во македонската графичка уметност. Бил активен учесник и еден од креаторите на графичката триенална манифестација од 1968 г. по која Битола го добива својот специфичен културен белег „град на графиката".

Повеќе...

СУГАРЕВ ЃОРЃИ (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
СУГАРЕВ ЃОРЃИ (револуционер)
Сугарев, Горѓи (1879-1906), легендарен македонски револуционер и војвода. Роден 1879 г. во Битола. Основно училиште завршил во родниот град, а своето гимназиско образование го продолжил во Солун. Истакнат полиглот, ги владеел: грчкиот, турскиот, бугарскиот и рускиот јазик. После завршувањето на своето образование во Солун, работел како учител во Радобор, Стрежево, во Кичево и подоцна во Битола. Многу рано се вклучил во редовите на ТМОРО. За член на битолскиот окружен револуционерен округ бил избран во 1900 г. Бил член, секретар и војвода во Битолскиот окружен комитет. Co својата револуционерна дејност и работа зазема значајно место во историските случувања во предилинденскиот период. Во 1901 г. се вклучил во четата на Н. Русински. Во 1902 г. формирал своја чета со која во битолско - прилепскиот регион вршел егзекуција на народните непријатели и предавници. Учествувал на Смилевскиот конгрес и жестоко се спротивставувал на одлуката за дигање на предвременото востание. Сепак после донесувањето на одлуката за дигање на востанието, активно се вклучил во него и учествувал како војвода. После неуспехот на востанието, активно се заложувал за закрепнување и ревитализирање на Организацијата. Херојски загинал со целата своја чета над селото Паралово, на 5. април 1906 година.
Sugarev_gjorgiСугарев, Горѓи (1879-1906), легендарен македонски револуционер и војвода. Роден 1879 г. во Битола. Основно училиште завршил во родниот град, а своето гимназиско образование го продолжил во Солун. Истакнат полиглот, ги владеел: грчкиот, турскиот, бугарскиот и рускиот јазик.

Повеќе...

ТОДОРОВСКИ ВАНГЕЛ - МАЈОРО (народен херој)

Категорија: Личности (Famous persons)
ТОДОРОВСКИ ВАНГЕЛ - МАЈОРО (народен херој)
Тодоровски, Вангел - Мајоро (1920-1942), македонски првоборец, народен херој. Уште како многу млад се пројавил со својата активност во редовите на напредното работничко движење во градот. Во текот на 1940 г. на дваесетгодишна возраст Вангел Тодоровски бил примен во редовите на КПЈ. Поради неговите активности, уште истата година бил апсен, но поради немањето на докази за судско обвинение бил ослободен. Таа тортура и методи на присилување што ги преживеал во големосрпската жандармерија, го направиле уште поцврст и решен да истрае на патот кој го одбрал. Верен борец на својата Партија, жеден за нови сознанија од областа на револуционерната теорија и практика, иницијативен во извршувањето на поставените задачи, одличен организатор - тоа се одликите што секогаш го истакнувале на преден план во работата и идеолошкото делување. Поради тоа, од страна на Месниот комитет на Партијата одреден бил да работи со младината како важен сегмент од каде се црпат нови сили за пополнување на редовите на Партијата. Накоро станал член на Месниот комитет на СКОЈ за Битола. По фашистичката окупација на Македонија учествувал во повеќе акции против бугарскиот окупатор. Во тоа време Партиската организација во градот, во чии редови скоевците биле двигатели на акциите, прераснала во навистина борбена организација, која само чекала знак за да почне со востанието, со отворена револу-ционерна борба. За да ја спречи таквата револуционерна подготвеност на Партијата, бугарскиот окупатор спровел брза регрутација во Македонија. Меѓу првите, покана за отслужување војска во редовите на бугарската фашистичка армија од Битола добил и Вангел Тодоровски. Тој не се одзвал на поканата и се повлекол во илегалност. Како илегалец не мирувал, туку организирал разни саботажи и диверзии и ја извршувал партиската задача во месната партиска техника. И покрај тешките услови во размножувањето на партиските материјали, секогаш навреме ги издавал партиските билтени, печател летоци и друг востанички и револуционерен материјал. Во пролетта 1942 г. се случила провала во Битола. Откриено било делувањето на партиската техника. При упадот на бугарската полиција во куќата каде била сместена техниката, Вангел Тодоровски го убил полицискиот началник на Битола, а потоа самиот си го одзел животот. Вангел Тодоровски - Мајоро за народен xepoj е прогласен на 2 август 1952 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
todorovski_vangel_majoroТодоровски, Вангел - Мајоро (1920-1942), македонски првоборец, народен херој. Уште како многу млад се пројавил со својата активност во редовите на напредното работничко движење во градот. Во текот на 1940 г. на дваесетгодишна возраст Вангел Тодоровски бил примен во редовите на КПЈ.

Повеќе...

ТРАИКОВСКИ БОРИСЛАВ (ликовен уметник)

Категорија: Личности (Famous persons)
ТРАИКОВСКИ БОРИСЛАВ (ликовен уметник)
Траиковски, Борислав (1917-1996), македонски сликар и педагог кој се вбројува во првите дипломирани ликовни уметници во Македонија. Основно и средно образование завршил во родниот крај, а во 1951 г. дипломирал на Академијата на ликовна уметност на Универзитетот во Белград. Бил член на ДНУ, најзначаен член на ликовната група ВДИСТ. Самостојно и групно академскиот сликар Борислав Траиковски има излагано во повеќе градови во земјата и странство и тоа: во Битола, Прилеп, Скопје, Струга, Белград, Загреб, Лондон, Братфорд, Ферара, Париз. Автор на делата: „Сива вода" (1954), „Квечерина" (1959), „Вишнеење" (1963), „Последната слика" (1994), „Поклонување" (1993). Неговите ликовни дела се чуваат во повеќе галерии и приватни колекции во земјата и странство. Јубилејната изложба по повод 40 години творештво (1991) претставува потврдување на неговата ликовна персоналност. Co оваа изложба се заокружила целокупната творечка активност на Траиковски, значајна со својата доследност и кохерентност за развојот на македонското современо сликарство во целина. Целиот свој живот и работен век го минал во Битола. За уметничките постигања има добиено голем број награди и признанија меѓу кои: наградата „11 Октомври" во 1980, наградите „4-ти Ноември" и др.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
traikovski_borislavТраиковски, Борислав (1917-1996), македонски сликар и педагог кој се вбројува во првите дипломирани ликовни уметници во Македонија. Основно и средно образование завршил во родниот крај, а во 1951 г. дипломирал на Академијата на ликовна уметност на Универзитетот во Белград.

Повеќе...

ХРИСТОВСКИ ЈОНЧЕ (естраден уметник)

Категорија: Личности (Famous persons)
ХРИСТОВСКИ ЈОНЧЕ (естраден уметник)
Христовски, Јонче (1933-2000), македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народниот дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Роден 1933 г. во Битола. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Се прославил со својата песна „Македонско девојче китка шарена" (1964), чии препеани верзии се појавиле на антлиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле интерпретациите на „Животе мој", „Ај засвирете ми чалгии", „Запеј песна Македонко",„Ако умрам ил загинам" и многу други во извондредно богатиот репертоар. Член на ансамблот „Танец" (пејач и играорец). Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „Распеани градови" (1974), еден од најначајните проекти на ТВ Скопје. За големиот придонес во музиката добитник е на голем број награди, одликувања и признанија.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
hristovski_jonceХристовски, Јонче (1933-2000), македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народниот дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Роден 1933 г. во Битола.

Повеќе...

ХРИСТОВСКИ СТЕВО - ПАТАКО (револуционер)

Категорија: Личности (Famous persons)
ХРИСТОВСКИ СТЕВО - ПАТАКО (револуционер)
Христовски Стево - Патако (1920-1943), македонски револуционер, личност која беспоштедно и се предава на ослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ за слобода. Уште пред војната станал член на КПЈ и се пројавувал со својата активност во редовите на револуционерното движење во Битола. За време на окупацијата, поради борбените негови активности, на два пати бил затворан и мачен. После тортурите во битолскиот затвор, бугарската полиција го интернирала во Кавала. При враќањето од интернација, на битолската железничка станица успеал да и избега на полицијата. Претрпените мачења, тортури и интернацијата не успеале да го скршат неговиот револуционерен дух, туку го правеле уште поцврст и длабоко убеден во идеите кои ги пропагирала Партијата. После бегството, илегално живеел и дејствувал во Битола. За тоа време поминато во илегала, не мирувал, туку неуморно работел за револуционерното движење. За потребите на Партијата извршувал најразлични одговорни партиски должности. На 28 јули 1943 г. бил откриен и обиколен од бугарската полиција. Влегол во борба, но увидувајќи дека борбата е осудена на неуспех, со последнот куршум се убил, за да не падне жив во рацете на непријателот.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
hristovski_stevo_patakoХристовски Стево - Патако (1920-1943), македонски револуционер, личност која беспоштедно и се предава на ослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ за слобода.

Повеќе...

top destinations mkfoto galerija mkmapa mknastani mk

smestuvanje mkrestorani picerii mkturisticki mkkako do bt mk