Битола - добитник на швајцарската награда за туризам 2009
Најпрестижното признание за врвна туристичка дестинација
Швајцарската награда за Туризам е признание кое се доделува секоја година за време на Швајцарскиот Меѓународен Саем за Туризам кој се одржува од 2003 година во Лугано. Овој настан, таканаречен врв на туристичката недела, од година во година доживува сé поголем успех.
![]() |
Овие престижни признанија промовираат високо ниво на туризам, заштита на природните и културните наследства, ја охрабруваат конкурентноста и совршеноста во стандардите на услугите и на посетителите кои доаѓаат од сите страни на светот им ги претставуваат дестинациите кои се издвојуваат по својата заслуга и вредат да бидат претставени во Лугано.
Горди сме што нашиот град Битола е добитник на наградата за туристичка дестинација за 2009 година.
Скапоцената сребрена чинија која го симболизира гостопримството на Лугано, го потврдува учеството на овој еминентен Саем за Туризам и ја потенцира вредноста на туризмот во Битола ќе ја прими Градоначалникот на Општина Битола, г-н Владимир Талески за време на Гала вечерата организирана од Официјалниот Комитет на Швајцарската Награда за Туризам. Настанот ќе се одржи на 30 Октомври 2009 година во присуство на службени делегации на повеќе наградени градови, највисоки преставници на локлната власт на Лугано како и претставници на Италијанските и Швајцарските медиуми.
Општина Битола ќе учествува на Швајцарскиот Саем за Туризам (www.iviaggiatori.org) кој ќе се одржи во Лугано од 29/10/2009 до 01/11/2009 каде што ќе добие можност да им ги претстави своите туристички потенцијали и убавини на посетителите и воедно да иницира деловни врски со носителите на туризмот од целиот свет.
Не пропуштајте!
Надворешни врски |
![]() |
![]() |
![]() |
Страната ја посетиле.. |
| |



